Хорор-филм или филм на ужасите — киножанр, чија цел е да предизвика негативна емотивна реакција кај гледачите со манипулација на прималните стравови на публиката. Вдахнат од хорор-литературата преку автори како Едгар Алан По, Брам Стокер и Мери Шели, хорор-филмовите се појавуваат кон крајот на XIX век. Филмот на ужасите често има натприродни теми и може да се преклопува со фантастиката и трилерот.
Хорор-филмовите често се однесуваат на кошмари, страв, гадење и ужас поврзани со непознатото. Содржините на хорор-жанрот често се однесуваат на судири со злото во рамки на секојдневниот живот. Во таа насока, чести елементи на хорор-филмот се духови, вонземјани, вампири, врколаци, демони, вештерки, зомбија, човекојадци и сериски убијци.
Поврзано Хорор (литература) Демон Духови Вампир Вештерки Врколак Зомби Мистерија (литература) Трилер (жанр) Научна фантастика Список на хорор романи Список на хорор писатели Список на хорор филмови
Наводи
Категорија:Филмски жанрови