Групата на магнолии е фамилија на дикотиледонски растенија опфатени со научното име Magnoliaceae, која го добила своето име по најкарактеристичниот род магнолија. Тоа се дрвенести растенија распоредени во 12 родови и околу 220 видови.
Особености
Фамилијата припаѓа на редот Magnoliales кој вклучува повеќе видови со примитивни одлики. Повеќето членови се тропски претставници, иако постојат и неколку видови од умерената зона кои се важни за хортикултурата, како и за добивање на градежни материјали. Цветните елементи се поредени во спирала на една оска и се нефузирани. Околуцветните ливчиња (перијант) се впечатливо обоени.
Галерија
Категорија:Дикотиледонски растенија