Цахурски е североисточен кавкаски јазик зборуван од цахурците . Јазикот се зборува во Русија поточно во Дагестан и во северен Азербејџан од околу 30.000 луѓе. Јазикот се пишува со цахурска азбука заснована на кирилицата во Русија и латиница во Азербејџан. Во Русија и во Азербејџан јазикот се учи до четврто одделение и има два дијалекта: Цах и Гелмец.

Категорија:Североисточнокавкаски јазици Категорија:Загрозени јазици во Азија Категорија:Јазици во Русија Категорија:Јазици во Азербејџан