ХОПС – Опции за здрав живот Скопје  — здружение на граѓани што од 1997 година активно ги спроведува своите програми и активности во Скопје и во останатите градови во Република Македонија. Во 1997 година првпат ги воведе програмите за размена на опрема за инјектирање во Р Македонија, со цел превенција на ХИВ/СИДА помеѓу корисници/чки на дроги и нивните семејства, а три години подоцна, во 2000 година, почна со имплементација на првата програма за поддршка на сексуални работници/ чки во Скопје. Оттогаш наваму успешно развива и спроведува програми за намалување штети од употреба на дрога, превенција на ХИВ/СИДА и други сексуално и по крвен пат преносливи инфекции, како и програми за социјално вклучување на ранливите и маргинализираните заедници во Република Македонија. Извршен директор е Благородна Коцева-Симјанов.

Членство ХОПС е член и соработник во повеќе иницијативи во национални, а и регионални/меѓународни рамки: Член на Национална мултисекторска комисија за ХИВ/СИДА превенција при Владата на Република Македонија; Член на Националната експертска група за превенција , третман и намалување на штети при Министерство за Здравство; Член на Техничката работна група при Тематската група за ХИВ/СИДА при Обединети нации во Република Македонија; Координатор на Работната група за намалување на штетите од употреба на дрога при Градското координативно тело за борба против дрогата во Скопје; Еден од основачите на Коалицијата за намалување на штетите од употреба на дрога за Југоисточна Европа и организатор на Првата Конференција за намалување на штетите за Југоисточна Европа која се одржа во Скопје на 10 декември 1999 година; Основач на Македонската мрежа за намалување на штети;

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место Фејсбук профил Твитер профил

Категорија:Здравство во Македонија Категорија:Појавено во 1999 година во Македонија