Фонд за здравствено осигурување на Македонија (кратенка: ФЗОМ; службено познат како Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија) — македонска институција која ја врши функцијата како единствена осигурителна организација во која се спроведува задолжителното здравствено осигурување врз начелата на заемност солидарност, за целата територија на Република Македонија.Службен весник на РМ", бр. 92/2000Амандман 64 од поранешниот Устав
Фондот е основан на 17 октомври 2000 година кога Собранието на Република Македонија донесе одлука со која се именувани членови на Управниот одбор на ФЗО.
Надлежности Фондот ги има следните надлежности: ги спроведува прописите и политика на развојот и унапредувањето на здравствената заштита во врска со задолжителното здравствено осигурување; со општи акти ги уредува прашањата за кои е овластен со овој закон; планира и прибира средства од задолжителното здравствено осигурување; обезбедува остварување на права од задолжителното здравствено осигурување на осигурените лица, се грижи за законито остварување на нивните права и им пружа стручна помош при остварувањата на нивните права и интереси; ги плаќа здравствените услуги за осигурените лица на здравствените установи кои ги обезбедуваат здравствените услуги; ги плаќа надоместоците на плати и други парични надоместоци; ги утврдува цените на здравствените услуги од задолжителното здравствено осигурување, на кои министерот за здравство дава согласност; ги утврдува референтните цени за лековите, медицинските помагала, опремата, протезите, ортопедски и други помагала и потрошните материјали кои се користат во здравствената заштита на осигурените лица што Фондот ги надоместува, на кој министерот за здравство дава согласност; договара обезбедување на здравствени услуги на осигурените лица со здравствените установи, според нормативи и стандарди засновани врз усвоена медицинска доктрина за ефикасна и рационална здравствена заштита; развива сопствен информативен систем со потребни податоци за задолжителното здравствено осигурување; ги спроведува меѓународните договори во делот на задолжителното здравствено осигурување; врши увид и контрола на договорениот обем и вид на обезбедени здравствени услуги на осигурените лица во здравствњените установи; презема мерки за ефикасно, делотворно и економично користење на средствата од задолжителното здравствено осигурување; одлучува за правата од задолжителното здравствено осигурување во прв степен и врши и други работи во врска со правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување.
Управување
Управен одбор Со Фондот управува Управен одбор. Тој се состои од 7 члена кои ги именува Владата на Република Македонија за време од четири години и тоа:
еден претставник предложен од Министерството за здравство еден претставник предложен од Министерството за финансии еден претставник предложен од Сојузот на синдикатите на Македонија еден претставник предложен од Стопанската комора еден претставник предложен од Лекарската комора на Македонија и Стоматолошката комора на Македонија еден претставник предложен од Здружението на пензионерите и еден претставник на осигурениците предложен од Здружението на потрошувачите. Управниот одбор има претседател и заменик на претседателот од именуваните претставници од Министерството за здравство и Министерството за финансии кои наизменично по една година се менуваат во текот на мандатот.
За членови на Управниот одбор се предлагаат лица кои имаат високо образование и работно искуство од финансиското работење или од системот и организацијата на здравствената заштита и здравственото осигурување, при што да се води сметка за соодветната и правичната застапеност на граѓаните на сите заедници.
Директори Работоводниот орган на Фондот се состои од два директори, кои се подеднакво одговорни за работењето на Фондот и за обврските што се преземаат во правниот промет. Директорите на Фондот го именува Владата на Република Македонија, на предлог на министерот за здравство.
Подрачни служби Фондот има вкупно 30 подрачни служби, односно скоро во секој град во Македонија.
Осигурени лица Лицата кои можат да ги користат правата од здравственото осигурување се дефинирани со Законот за здравствено осигурување. Согласно законот, дефинирани се 15 категории осигуреници. Во 2024 година бројот на осигурените лица опфатени со задолжителното здравствено осигурување изнесувал 1.839.537, искажано според следната табела: +Осигуреници202220232024Активни работници560.600561.031557.483Активни земјоделци16.69716.619 16.151Пензионери340.981349.746353.558Невработени лица6.7225.6575.336Лица осигурени преку програма на МЗ256.020250.527254.735Останати13.95715.280 14.485Осигуреници1.194.9771.198.860 1.201.748Членови на семејства659.429657.878637.789Вкупно осигурени лица1.854.4061.856.738 1.839.537 Во структурата на осигуреници, 65% се лицата кои се носители на осигурување или кои од своите приходи издвојуваат средства за придонес за здравствено осигурување или за нив некоја институција односно организација го уплатува придонесот за здравствено осигурување. Останатите 35% се лица кои, согласно Законот за здравствено осигурување, се здравствено осигурени како членови на семејство, односно тоа се сопруг/сопруга, деца до 18 години или до завршување на образование најдоцна до 26 години. Согласно поставеноста на македонскиот систем, овие лица не плаќаат придонес, но имаат право на здравствено осигурување преку својот член на семејството кој е носител на здравственото осигурување.
Финансирање Приходите на Фондот за здравствено осигурување се обезбедуваат од придонеси од плата. Покрај придонесот од плати, за дел од категориите на осигуреници придонесот го уплатуваат дел од институциите на државата, односно: Агенцијата за вработување за невработените кои примаат паричен надоместок; Министерство за социјална политика за осигурениците со социјални права; Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за пензионерите; Министерството за здравство за „неосигурените“.
+ Структура на остварените приходи на ФЗОРСМ во 2024 година Приход Остварени приходи во 2024 во (000) денари% на учество Даночни приходи 43.881.843 88,84% Придонеси од бруто плати и надоместоци29.848.81160,43%Придонеси од АВРМ119.4990,24%Приход од ПИОМ9.664.56419,57%Приходи од МЗ4.079.9998,26%Приходи од МТСП168.9690,34% Неданочни приходи 628.302 1,27% Приход од Партиципација513.4161,04%Други приходи114.8860,23% Трансфери и донации 4.882.027 9,88% Приходи од МТСП (породилни отсуства)4.283.6538,67%Пренесен вишок на приходи од претходната година598.3741,21%
Поврзано Министерство за здравство на Република Македонија Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
Наводи
Надворешни врски Официјална страница на ФЗО Мое осигурување
Категорија:Министерство за здравство на Република Македонија Категорија:Здравство во Македонија