Судот на Ејми е американска телевизиска серија емитувана на каналот CBS од 1999 до 2005 година, со вкупно шест сезони. Серијата го следи животот на Ејми Греј, 35-годишна самохрана мајка која ја напушта својата кариера на адвокат во Њујорк и се враќа во своето родно место Хартфорд, каде станува судија за семејни случаи. Таа е разведена и сама ја одгледува ќерка си Лорен. Во Харфорд живее со својата доминантна мајка, Максин, поранешен социјален работник.
Сценариото е засновано врз вистинскиот живот на мајката на главната глумица, Ејми Бренеман, и е приказна за три генерации жени кои живеат заедно и кои се соочуваат со лични и професионални дилеми во својот променлив живот.
Во Македонија, Судот на Ејми се емитуваше на А1 телевизија.
Категорија:Телевизиски серии со почеток во 1999 година