За други значења на овој поим, видете Мајмун (појаснување).
Мајмун — назив за неколку различни животински видови од редот примати, кој спаѓа во класата на цицачи. Тоа не е систематски поим. Редот на приматите може да се подели во две групи: во првата се вбројуваат сите полумајмуни (Prosimii), а во другата вистинските мајмуни, човеколиките мајмуни и луѓето (Anthropoidea). Во потесна смисла, поимот „мајмун“ би се однесувал за вистинските и човеколиките мајмуни (но не е грешно и ако се вклучат полумајмуните, бидејќи самиот поим не е монофилетска група). Во поширока смисла на зборот, мајмун би бил поим за кој било вид на примат, освен човекот и неговите непосредни предци.
Општи особини Лицето на мајмуните е главно без влакна и е со развиена мускулатура која ја овозможува мимиката, која е важна за меѓусебната комуникација. Сетилото за мирис е послабо развиено. Забите се од бунодонтен тип. Стапалата се зарамнети, сите екстремитети се петточлени, а на врвот на прстите се наоѓаат широки, зарамнети и орожнати нокти. Првиот прст (палец) и на предните, а и на задните екстремитети им опонира на останатите, што е адаптација кон подобро прифаќање на предметите (прилагодување за живот на дрво). Женката има само еден пар на млечни жлезди кои се сместени на градите. Матката е едноставна, а плацентата е дискоидална. Бројот на родените млади е мал, а најчесто изнесува едно младенче.
Мајмуните се одликуваат со висока интелигенција и со развиени моторички способности, т.е. тие се во состојба да извршуваат сложени работи и да решаваат тешки проблеми. На пример, во 2015 година, весникот „Пекинг њуз“ објавил дека кинеската армија обучила пет мајмуни-мажјаци од видот „резус“, со цел да помогнат во уништувањето на гнездата на птиците, кои претставувале опасност за воените авиони. Претходно, мајмуните биле подложени на обука во траење од три месеци.„Одред мајмуни во кинеската армија се бори против птици“, Дневник, година XIX, број 5856, четврток, 3 септември 2015, стр. 21.
Еволуција Од самото име на редот се заклучува дека се работи за најсовршените цицачи. Приматите се многу стара група која во текот на Терциер се одвоила од своите сродници. Притоа се сочувале многу примитивни одлики кои се слични на оние од инсектојадите и другите примитивни цицачи. Многу други групи на цицачи, како копитарите, неспоредливо помалку ја менувале својата организација во текот на еволуцијата. Единствено мозокот кај приматите достигнал неспоредливо повисок степен на организација за разлика од останатите животни. Кај мајмуните, големиот мозок е силно развиен, а мозочната кора е доста набрана.
Мајмуните како тема во уметноста и во популарната култура Мајмунот како мотив во книжевноста „Мајмунско царство“ — африканска приказна.Крилатиот лав (црнечки приказни). Детска радост, Скопје, 1954, стр. 12-14. „Како се меси тесто“ — расказ на египетската писателка Селва Бакр.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 217-229. „Обратно“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 38. „Мајмунска работа“ — басна на Киро Донев.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 40-41. „Лисицата и мајмунот“ — басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 36. „Што шепоти тревата“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1967 година.Славко Јаневски, Црни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 21-22. „Вода донесла — вода однесла“ — расказ на македонскиот писател Ванчо Николески.Ванчо Николески, Чудотворен кавал, Мисла, Наша книга, Детска радост, Култура, Македонска книга, Скопје, 1993, стр. 47-52. „Мајмунката заспивалка пее“ — книга на мекедонскиот писател Б. Ситниковски.Јунак над јунаци, Култура, Скопје, 1967. „Ме нарекуваат мајмун“ — кус расказ на рускиот писател Данил Хармс.Данил Хармс, Случаи.Скопје: Темплум, 2004. „Два Брухелови мајмуна“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 27. „Мајмун“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 41-42.
Мајмунот како мотив во музиката „Арктички мајмуни“ (англиски: Arctic Monkeys) — британска рок-група.Официјално мрежно место на „Arctic Monkeys“ (пристапено на 21.12.2016) „Лимен мајмун“ (англиски: Brass monkey) — песна на американската рап-група Бисти Бојс (Beastie Boys) од 1986 година.Beastie Boys, Licensed to Ill, Def Jam Recordings, 1986. „Мајмуни“ (словенечки: Majmuni) — песна на словенечкиот рок-музичар Марко Брецељ од 1981 година.YouTube, Marko Brecelj - Majmuni (пристапено на 18.3.2017) „Мајмунот смрди“ (англиски: Monkey Stinks) — песна на американската панк-група D.R.I. од 1983 година.YouTube, D. R. I. - Dirty Rotten 1983 [FULL EP] (пристапено на 8.9.2021) „Мајмуни“ (англиски: Monkeys) — песна на британската рок-група Echo And The Bunnymen од 1980 година.Discogs, Echo And The Bunnymen* – Crocodiles (пристапено на 21.3.2021) „Мајмун на мојот грб“ (англиски: Monkey On My Back) — песна на британската рок-група Inspiral Carpets од 1990 година.Inspiral Carpets – Life (пристапено на 17.2.2023) „Водење љубов со вампир со мајмун на моето колено“ (англиски: Making Love to a Vampire with a Monkey on my Knee) - песна на американскиот рок-музичар Капетан Бифхарт (Captain Beefheart) од 1980 година.YouTube, Making Love to a Vampire with a Monkey on my Knee - Captain Beefheart & His Magic Band (пристапено на 3.10.2017) „Човек-мајмун“ (англиски: Monkey Man) — песна на англиската рок-група Спешлс (The Specials).YouTube, The Specials FULL ALBUM (пристапено на 12.10.2017)
Мајмунот како мотив во филмот „Мајмунот од островот Саругашима“ — советски цртан филм од 1970 година. „12 мајмуни“ (12 Monkeys) - американски филм од 2005 година, во режија на Тери ГилијамАнтена, број 859, 12.12.2014, стр. 25.Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 25.
Наводи
Категорија:Цицачи Категорија:Турцизми