Скопско-велешки дијалект — дијалект на македонскиот јазик што спаѓа во подгрупата на централни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува на територијата на градовите Скопје и Велес со околината. Скопско-велешкиот дијалект е близок дијалект со прилепско-битолскиот дијалект и со останатите дијалекти на централната подгрупа. Овој дијалект, заедно со останатите дијалекти од централната подгрупа, се основата врз кој се темели стандардниот македонски јазик.

Фонолошки одлики употреба на в наместо архаичната х: страх > страв употреба на тврдо л употреба на меѓусамогласно в: човек употреба на тврд глас њ; употреба на буквите ќ и ѓ (во останатите дијалекти имаме -јќ- и -јѓ-): куќа.

Морфолошки одлики

употреба на предлогот у наместо во: у град; употреба на наставката -уле: дете - детуле; употреба на конструкцијата има + минат партицип: имам работено; употреба на трите членови.

Примери

Скопски дијалект

Велешки дијалект

Поврзано

Македонски јазик Македонски дијалекти

Наводи

Дополнителна литература

Надворешни врски Аудиоматеријал од говорот од с. Бардовци, Скопско од колекцијата на Божидар Видоески - Фонотека на Центарот за ареална лингвистика при МАНУ Аудиоматеријал од говорот од с. Шишево, Скопско од колекцијата на Божидар Видоески - Фонотека на Центарот за ареална лингвистика при МАНУ

Категорија:Македонски дијалекти