Бетмен засекогаш (англиски: Batman Forever) — американски филм од 1995 година, посветен на фиктивниот лик „Бетмен (Batman)“ од стриповите на DC, а во режија на Џоел Шумахер. „Бетмен засекогаш“ е третиот филм во серијалот за Бетмен. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Вал Килмер, Томи Ли Џонс, Џим Кери, Крис О'Донел (Chris O'Donnell), Никол Кидман, Дру Баримор, Деби Мазар (Debi Mazar), Мајкл Гау (Michael Gough) и Пат Хингл (Pat Hingle). Ова е прв и единствен филм во кој улогата на Бетмен ја толкува Вал Килмер, како и првиот филм во серијалот за Бетмен во кој се појавува ликот на Робин. Филмот имал три номинации за наградата „Оскар“ во техничките категории, меѓу кои била и песната „Hold Me, Thrill Me, Kiss Me, Kill Me“ која била дело на ирската група „У2 (U2)“.„Мистериозна опасност за Готам“, Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 3.

Содржина На градот Готам му се заканува опасноста од злосторниците Две Лица и Гатанката. Брус Вејн, т.е. Бетмен е единствениот кој може да им се спротивстави, а во тоа му помага убавата д-р Чејс Меридијан и еден млад циркуски акробат, кој станува помошникот на Бетмен, Робин.

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови за Бетмен Категорија:Филмови од 1995 година Категорија:Филмови на Џоел Шумахер Категорија:Филмови со Вал Килмер Категорија:Филмови со Џим Кери Категорија:Филмови со Томи Ли Џонс Категорија:Филмови со Никол Кидман Категорија:Филмови со Дру Баримор Категорија:Филмови на англиски јазик