Анастас Лозанчев (, — , Бугарија, ) — македонски револуционер, учесник во Македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.Шифровано писмо на Павел Христов до Христо Узунов, НБКМ-БИА, Ф. 583, а. е. 64, л. 180, 185
Лозанчев бил секретар и претседател на Битолскиот окружен комитет на ТМОРО, еден од главните протагонисти при донесувањето на одлуката за востание на Солунскиот конгрес (1903), и член на Главниот штаб на Битолскиот револуционерен округ. Поради критиките низ мемоарската литература кои се изречени поради неговото однесување при донесувањето на одлуката за востание, Лозанчев останал огорчен до крајот на животот. Погоден од тоа, во триесеттите години на XX век, почнал да раскажува и да запишува спомени, но и да публикува текстови за да ја оправда својата постапка. Во 1937 година, Лозанчев пишува: „И до ден денес, по повеќе од 30 години, сум напаѓан за мојот став за Востанието... Ја прифаќам врз мене целата одговорност, или колку што можат да понесат моите плеќи и ги прашувам живите кои и денес ме напаѓаат: ... Ако востанието во 1903 година не успеа, кој може да ме увери дека на пример ќе успееше во 1905, или во 1910 година, или кога било... Всушност востанието успеа, ние предизвикавме вмешување на европските држави, но, како и секогаш, не бевме доволно умни и предвидливи да го искористиме тоа вмешување... Белким ние живите што останавме од онаа славна епоха, останати живи не по наша вина, како и сите Македонци, ќе бидеме среќни да ги видиме Битола, Охрид, Костур и другите како и цела Македонија, слободни“.А. Лозанчевъ, Защо бѣхъ за въстание, Ил. Илинденъ, IX/3(83), София 1937, 8-9.
Животопис
Анастас Лозанчев е роден на 8 април 1870 година во Битола во семејството на Димче и Анча (Анна) Лозанчеви. Потекнува од имотно семејство. Татко кој се занимавал со трговија, меанџиство, изнајмување на земја и друго, поседувал голема куќа во Јени (Ново) маало во Битола.Ванчо Ѓорѓиев, Анастас Лозанчев, Скопје, 2014, 31. Анастас, основно образование завршил во Битола, а петти клас гимназија во Солун.Македония в пламъци. Спомени на Андон Къосето, Анастас Лозанчев, Григор Попев, Аргир Манасиев, Христо Пасхов, Мите Хаджимишев, Кърсто Лазаров, Екатерина Паница, записал: Боян Мирчев, съставителителство, Ива Бурилкова и Цочо Билярски, София 2003,98. Во 1889, заминал во Софија, каде го изучил фотографскиот занает, а во 1889 година отворил сопствено фотографски ателје во Битола. Во 1891/1892 учебна година бил учител во Смилево,Христофор Тзавела, Спомени на Анастас Лозанчев, член на главния щаб на Илинденското въстание, София 2007, 81. каде истата година учителствувале и Дамјан Груев. Поради подоцнежното нетрпение кон Д. Груев, А. Лозанчев, како во спомените, така и во другите текстови, изнесува доста остри, некоректни и неосновани квлаификации по адреса на Груев, дури и за време на нивното зедничко учителствување во Смилево.В. Ѓорѓиев, Анастас Лозанчев..., 35-38. Во учебната 1892/93 година, Лозанчев бил учител во с. Могила, а по завршувањето на учебната година, повторно се вратил на фотографскиот занает во Битола.Х. Тзавела, Спомени на Анастас Лозанчев..., 81.
Лозанчев во Македонската револуционерна организација лево|мини|Анастас Лозанчев во Охрид Во август 1894 година, Даме Груев ги поставил основите на комитетот на МРО во Битола.Ванчо Ѓорѓиев, Подземната република. Дамјан Груев и македонското револуционерно движење, Скопје, 2010, 121-123. Според Григор Попев, во чија куќа се одржал состанок на кој биле поставени основите на комитетот во Битола, покрај домаќинот Г. Попев, учествувале: Д. Груев, Анастас Лозанчев, Пере Тошев и Ѓорѓи Пешков. Тогаш за претседател на Комитетот бил избран Пере Тошев, а Анастас Лозанчев бил избран за секретар.Македония в пламъци. Спомени на Григор Попев..., 113. Веднаш потоа, Анастас Лозанчев учествувал на Ресенското советување на МРО кое се одржало во куќата на Татарчеви кон крајот на август 1894 година.В. Ѓорѓиев, Подземната република..., 123-127. Лозанчев на советувањето заминал со својот фотоапарат, при што направил неколку фотографии од чинот на осветувањето на егзархиската црква „Св. Кирил и Методиј“, а потоа во комитски алишта ги фотографирал Даме Груев, Александар Хаџи Панов и Григор Попев.Х. Тзавела, Спомени на Анастас Лозанчев..., 113. Поставувањето на основите на МРО во Битолско, веднаш по Ресенското советување било прославено со банкет и пукање од револвери на имотот на Лозанчев, во околината на Битола.Х. Тзавела, Спомени на Анастас Лозанчев..., 113 Од тогаш битолскиот околиски комитет на МРО, прераснал во окружен комитет.
Анастас Лозанчев, како човек од чаршијата и секретар на окружниот комитет имал значајна улога при ширењето на ослободителната идеја меѓу битолските еснафи. Прикривајќи се под формата на фотограф, Лозанчев ги обиколувал околните градови, каде се задржувал по неколку денови и на тој начин одржувал контакти со луѓето од соодветните околиски комитети. При една таква обиколка на Костурско во мај 1897 година, бил задржан петнаесетина дена од полицијата во Костур.Х. Тзавела, Спомени на Анастас Лозанчев..., 137
Кон крајот на октомври 1897 година, терористи на Организацијата го нападнале Михајло Хаџи Попе, поранешен гркоман и актуелен претседател на српската општина во Битола. Поради овој настан Лозанчев бил притворен 3-4 месеци.В. Ѓорѓиев, Анастас Лозанчев..., 83-84. Од тогаш дошло до заладување на односите помеѓу Лозанчев и Ѓорѓи Пешков, зашто последниот не го посетил Анастас додека бил во притвор.Революционната борба в Битолския окръг. Спомени от Георги п. Христов, София 1953, 12. Нарушените односи меѓу Лозанчев и Пешков особено дошле до израз по заминувањето на П. Тошев во Солун. За односите меѓу Пешков и Лозанчев, Ѓорѓи Поп Христов пишува: „Тие не можеа да се трпат и да работат заедно, ако немаше некој на среде да ги поврзува. Дури беше Пере во Битола, тие се трпеа, но после се разделија. За извесно време, Лозанчев дури се тргна од револуционерната дејност, занимавајќи се со својата трговија“.
Во 1898 година, Пере Тошев заминал во Солун, каде станал член на ЦК на ТМОРО. Во тоа време во Битола дошол Даме Груев кој бил интерниран од властите во Солун, при што ги зел работите во окружниот комитет во свои раце. Лозанчев, кој бил навикнат на скромниот П. Тошев, не можел да се превитка пред авторитетниот Груев, кој се опкружил со свои луѓе. Затоа Лозанчев почнал да се дистанцира од работата на окружниот комитет, иако во основа ја поддржувал работата на Организацијата.В. Ѓорѓиев, Анастас Лозанчев..., 87-88. Лозанчев во спомените вели дека се повлекол кон крајот на 1899 година, поради недоразбирање со Даме Груев.Македония в пламъци. Спомани на Анастас Лозанчев..., 100. Даме Груев пак, вели дека, Лозанчев се повлекол поради малодушност.Спомени на Дамянъ Груевъ, Борисъ Срафовъ и Иванъ Гарвановъ, сообщава: Л. Милетичъ, София 1927, 22. Факт е дека Лозанчев не се нашол во кадровските комбинации на Д. Груев, ниту кога последниот се нашол в затвор поради Поп Ставеревата провала.Димитар Димески, Револуционерната дејност на Даме Груев во Битолскиот револуционерен округ на МРО (1898-1902). Прилози за Даме Груев, Битола 1983, 92-95. Според Тома Николов, Лозанчев бил засегнат поради тоа што Д. Груев, и од затвор продолжил да ги „влече коците“ во Битолскиот окружен комитет.Тома Николов, Спомени от морто минало, съставителство, предговор и белешки: Александър Пелтеков, София 1989, 96. Во меѓувреме на 22.01 1900 година, Анастас Лозанчев се оженил со Параскева Биолчева од Прилеп.В. Ѓорѓиев, Анастас Лозанчев..., 92-93.
Претседател на Битолскиот окружен комитет Нараснатите обврски на Битолскиот окружен комитет, кои произлегувала од развојот на четничкиот институт, Ѓорѓи Поп Христов со согласност на Д. Груев го поканил Лозанчев да преземе дел од обврските.Революционната борба в Битолския окръг..., 36-37. Оттука, во 1901 година, Анастас Лозанчев учествувал и во преговорите за вклучување на социјалистичката група на Веле Марков и Никола Петров Русински во ТМОРО.Никола Петров Русински, Спомени, предговор, редакција и коментар Даринка Петреска Пачемска и Војо Кушевски, Скопје, 1997, 128-131. Есента 1901 година, дваесеттина дена во Битола отседнал Гоце Делчев, при што 4 дена отседнал во куќата на Лозанчев.Македония в пламъци. Спомени на Анастас Лозанчев..., 100. Анастас го придружувал Делчев при едната н од двете посети на Делчев на Д. Груев во битолскиот затвор.Х. Тзавела, Спомени на Анастас Лозанчев..., 168. Тогаш со посредство на Делчев, Анастас Лозанчев бил избран за претседател на Битолскиот окружен комитет, но фактички со Организацијата во округот и понатаму раководел Груев од затворот.В. Ѓорѓиев, Анастас Лозанчев..., 101-102. Лозанчев од сенката на Груев се ослободил во почетокот на мај 1902 година, кога Даме бил префрлен во затвор во Мала Азија.
Во почетокот на летото 1902 година, под притисок на настаните кои последица на провалите во Леринско, Лозанчев пред ЦК во Солун го поставил прашањето за востание.В. Ѓорѓиев, Анастас Лозанчев..., 112-113. Есента 1902 година, Костурскиот и Леринскиот регион од Битолскиот револуционерен округ, биле зафатени од врховистичката востаничка провокација на полковникот Анастас Јанков.В. Ѓорѓиев, Анастас Лозанчев..., 114-124. Лозанчев во своите образложенија, истакнува дека за да го одвратат населението од провокацијата на полковникот Јанков, ветиле дека Организацијата ќе прогласи востание во наредната 1903 година.А. Лозанчевъ, Защо бѣхъ за въстание..., 8.
Илинденското востание Во почетокот на јануари 1903 година, Анастас Лозанчев заминал на конгрес во Солун на кој требало да се разгледа прашањето за востание во 1903 година, но притоа, не се консултирал со никој од легалните и нелегалните раководители на Организацијата во Битолскиот округ.В. Ѓорѓиев, Анастас Лозанчев..., 136-137. За време на Конгресот, Лозанчев бил еден од најголемите иницијатори за донесување на одлуката за востание.В. Ѓорѓиев, Анастас Лозанчев..., 141. На 19.01/1.02 1903 година, Лозанчев одржал состанок со учителите од битолската егзархиска гимназија и ги информирал дека претстои востание.Дневник на Кръсте Мисирков, 1903 г. Публикуван за първ път от А. Пелтеков в „Известия на държавните архиви“. Според: http>/www.promacedonia.com/rami/misirkov-1903.html Лозанчев самоуверено ја одбил сугестијата на бугарскиот трговски агент – Неделко Колушев, кој од име на бугарската влада, побарал Организацијата да ги прекине подготовките за востание.Ванчо Ѓорѓиев, ВМРО 1893-1903. Поглед низ документи, Скопје 2013, 368-372 Постапката на Колушев, во Битола била пречекана со зборовите: „Ние сме Македонци и советите на некаков бугарски министер за нас не вредат ништо“.Окрѫжнитѣ на г-нъ Даневъ. Свято дѣло, год. I, мартъ 1903. Кюстендилъ, кн. VI, 627л
На Смилевскиот конгрес, Анастас Лозанчев бил изложен на критика од повеќе делегати, а особено од Ѓорѓи Сугарев, зашто на се консултирал со раководителите во округот, пред да замине на конгресот во Солун, каде била изгласан одлуката за востание.В. Ѓорѓиев, Анастас Лозанчев..., 155-156. На конгресот во Смилево, Анастас Лозанчев, заедно со Дамјан Груев и Борис Сарафов, бил избран за член на Главниот штаб на Вториот (Битолски) револуционерен округ. Како член на Главниот штаб, Лозанчев се движел со четите низ Битолскиот округ и учествувал во неколку судири со турските војски.
По задушувањето на Илинденското востание, Анастас Лозанчев сметал дека Организацијата треба да ги искористи Мирцштешките реформи, иако не ги задоволувале нејзините политички барањата. „По доаѓањето на цивилните агенти, јас бев на мислење дека Организацијата треба да ја прифати реформската акција на силите, да го искористи тоа што може да и го даде таа, и на легален начин да се стреми за добивање на крајната цел на Организацијата – автономија на Македонија“.Х. Тзавела, Спомени на Анастас Лозанчев..., 268.
Дистанцирањето од македонското револуционерно движење лево|мини|Анастас Лозанчев во алманах на револуционери.