Гуљелмо Викарио (роден на 7 октомври 1996, во Удине) — италијански фудбалер, голман на , на заем од , и на италијанската репрезентација.
Технички карактеристики Голман кој се истакнува со забележителна мускулна експлозивност и одлични рефлекси; неговите идоли од кои што се инспирирал биле Џанлујџи Буфон и Самир Хандановиќ.
Благодарение на неговите способности меѓу стативите, го добил прекарот „Venom Vicario“.
Клупска кариера Почетоци Својата кариера Викарио ја започнал во малку познати клубови како Донатело, Беарци, Кормор Калчо и Анкона Удине, пред во 2013 година да стигне во младинскиот погон на , тимот од неговиот роден град, каде што бил вклучен во составот на Примавера тимот. Сепак, бидејќи пред него во хиерархијата биле Алекс Мерет и Симоне Скуфет, тој забележал само 4 настапи во текот на целото првенство. Од тие прични, следната сезона бил испратен на позајмица во Фонтанафреда, во Серија Д, каде што го имал неговото прво искуство во сениорскиот фудбал.
Венеција Во сезоната 2015–2016, Викарио се преселил на позајмица во повторно во четврото ниво, која штотуку била преземена од Џо Такопина. Како првотимец, тој бранел на сите 38 натпревари, придонесувајќи Венеција да го освои првенството и да обезбеди промоција во Лега Про. На крајот од сезоната, клубот трајно го откупил неговиот договор.
Во сезоната 2016-2017, во третата лига, тој ја загубил улогата на број еден од Давиде Факин, но бил стартер во победничката кампања на клубот во Купот на Италија за екипите од Лега Про од второто коло па натаму, сè до финалето против Матера, по кое ја освоил својата прва титула во кариерата. „Лагунарите“ на крајот од сезоната го освоиле и првенството и се вратиле во Серија Б по 11 сезони. Третата сезонска титула, сепак, изостанала по поразот од во решавачкиот натпревар од Суперкупот на Лега Про, каде што Викарио исто бил стартер.
Во сезоната 2017-2018, во Серија Б, повторно е резервен голман, овојпат зад Емил Аудеро; забележал 7 настапи во сезоната, која Венеција ја завршила на петтото место во регуларниот дел и со елиминација од во полуфиналето на плејофот.
Во следната сезона, повторно во второлигашкото првенство, почнувајќи од четвртото коло тој станал прв голман на „лагунарите“ во сезона позитивна за него, но не и за венецијанците. Венеција го завршила првенството на 15. место на табелата и била принудена да игра плејаут против , кој го загубила по изведување пенали во реваншот на домашен терен. Испаѓањето било избегнато само благодарение на репешажот по исклучувањето на Палермо од лигата.
Каљари и Перуџа На 17 јули 2019 година, Викарио бил купен од Серија А клубот , кој следната недела го испратил на едногодишна позајмица во Серија Б кај . Играјќи како стартер, тој забележал 35 настапи (плус два во плејаутот) во текот на сезоната, на крајот од која Перуџа испаднала во Серија Ц после поразот по изведување пенали во плејаутот против .
По завршувањето на позајмицата во Перуџа, се вратил во Каљари за да ја преземе улогата на втор голман зад Алесио Крањо. Дебитирал за Сардинијците на 28 октомври 2020 година во Купот на Италија против . Својот прв натпревар во Серија А го одиграл на 11 април 2021 година против Интер, прикажувајќи добра игра и одлични одбрани, но не успеал да го спречи поразот (1-0) на Каљари. Сезоната ја завршил со 4 настапи во првенството и 3 во купот.
Емполи На 9 јули 2021 година, Викарио му се приклучил на - новопромовираниот клуб во Серија А - со формула за позајмица со право на откуп за 10 милиони евра. Во текот на сезоната 2021-2022, во дресот на „аѕурите“, забележал вкупно 38 настапи, придонесувајќи за опстанокот на тимот во највисоката лига, а особено се истакнал со 5 одбранети пенали од 10 колку што биле досудени против Емполи во сезоната. На крајот од првенството бил откупен од тосканскиот клуб.
На 4 февруари 2023 година, за време на натпреварот од првенството против (загубен со 2-0), Викарио успеал да направи серија од три последователни одбрани, изведени во текот на само неколку секунди, бранејќи ги по ред ударите на Пауло Дибала, Џанлука Манчини и Тами Ејбрахам. Во текот на сезоната се истакнал како еден од најдобрите голмани во италијанското првенство. Тој го напуштил тосканскиот клуб по вкупно 69 настапи во првенството и 2 во Купот на Италија.
Тотенхем На 27 јуни 2023 година, Викарио бил купен од за 20 милиони евра (плус бонуси), потпишувајќи петгодишен договор со англискиот клуб. Дебитирал во Премиер лигата на 13 август, во натпреварот на гостувањето против , кој завршил нерешено 2-2, што воедно било и неговото официјално деби за „Спарс“. Шест дена подоцна, ја забележал првата „сува мрежа“ на голот на лондонскиот клуб во победата со 2-0 над . Како постојан стартер, својата прва сезона во Тотенхем ја завршил бранејќи во сите 38 натпревари од Премиер лигата и забележувајќи 7 суви мрежи со што придонел за освојувањето на петтото место.
Тој останал прв голман на Тотенхем и во следната сезона, продолжувајќи да реди брилијантни партии за што бил награден со признанието за голман на годината на „London Football Awards“. На 26 септември 2024 година, го направил своето деби во европските клупски натпреварувања, носејќи ја притоа за првпат и капитенската лента на клубот во натпреварот од првенствената фаза на Лига Европа, во кој неговиот тим го победил Карабах со 3–0. На 23 ноември, за време на натпреварот против Манчестер Сити по еден судир со Савињо, Викарио скршил коска во глуждот, но успеал да го доигра натпреварот и ја зачувал својата мрежа недопрена во победата од 4–0. Сепак, споменатата повреда го извадила од акција за околу три месеци, враќајќи се конечно на терените на 16 февруари, кога забележал нова „сува мрежа“ во победата со 1-0 на домашен терен над Манчестер Јунајтед. На 3 април за време на натпреварот против Челси, во завршницата од првото полувреме Викарио благодарение на брзиот рефлекс успеал да го спречи ударот од непосредна близина на Џејдон Санчо, одбивајќи ја топката преку пречката; одбраната подоцна била избрана за Одбрана на месецот во Премиер лигата. На 21 мај 2025 година, тој го започнал како стартер финалето на Лига Европа против Манчестер Јунајтед кое Тотенхем го добил со 1–0, додека Викарио ја сочувал својата мрежа и го освоил својот прв трофеј во кариерата, кој воедно бил и прв трофеј за Тотенхем по 17 години.
На почетокот на сезоната 2025-2026, Викарио започнал како стартер во натпреварот од Суперкупот на УЕФА 2025, во кој Тотенхем загубил по изведување пенали од . На 16 септември 2025 година, дебитирал во Лигата на шампионите, во првиот натпревар од првенствената фаза добиен со 1–0 против на стадионот Тотенхем Хотспар. На 2 ноември 2025 година, за време на првенствениот натпревар против Челси на домашен терен (0-1), Викарио забележал 8 одбрани но не успеал да го спречи поразот на „Спарс“. Во март 2026 година, бил подложен на хируршка интервенција за отстранување на хернија, поради што морал да отсуствува најмалку еден месец. Вториот голман на тимот, Антонин Кински, кој настапувал во отсуството на Викарио, го импресионирал новиот тренер Роберто Де Ѕерби со своите настапи и се етаблирал како прв избор на голманската позиција. Поради оваа причина Викарио го напуштил лондонскиот тим после вкупно 117 настапи.
Јувентус На 18 август 2026 година, бил официјализиран неговиот трансфер во , на платена позајмица до крајот на сезоната со право на откуп. Пет дена подоцна, дебитирал како стартер на голот на „бјанконерите“, започнувајќи во натпреварот од првото коло на Серија А добиен со 1–0 на гостувањето кај .
Репрезентативна кариера Во септември 2022 година, го добил својот прв повик во сениорската репрезентација на Италија од страна на селекторот Роберто Манчини, во пресрет на натпреварите од Лигата на нации 2022–2023 против и . Во јуни 2023 година, бил повикан повторно како трет голман, зад Џанлујџи Донарума и Алекс Мерет, за завршната фаза на Лигата на нации, која Италија ја завршила на 3. место.
Дебитирал за репрезентацијата на 24 март 2024 година, на 27-годишна возраст, започнувајќи како стартер во пријателскиот натпревар кој Италија го добила со 2–0 против во Харисон, САД. Во јуни истата година, веќе сметан за прв заменик на Донарума, бил повикан од селекторот Лучано Спалети за Европското првенство 2024 во Германија. Сепак, таму тој не настапил ниту еднаш, останувајќи неискористена замена во сите четири натпревари на турнирот, кој за „аѕурите“ завршил со поразот од во осминафиналето.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 20 септември 2026.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2014-2015 Фонтанафреда Д 30 -44 КИ-Д 0 0 - - - - - - 30 -44 2015-2016 Д 36+2Разигрување за титулата. -25+-9 КИ-Д 0 0 - - - - - - 38 -34 2016-2017 ЛП 2 -1 КИ-ЛП 7 -6 - - - С-ЛП 1 -4 10 -11 2017-2018 Б 7 -5 КИ 0 0 - - - - - - 7 -5 2018-2019 Б 32+2Плејаут. -40+-2 КИ 0 0 - - - - - - 34 -42Вкупно Венеција 81 -82 7 -6 - - 1 -4 89 -92 2019-2020 Б 35+2 -45+-3 КИ 2 -1 - - - - - - 39 -49 2020-2021 А 4 -6 КИ 3 -4 - - - - - - 7 -10 2021-2022 А 38 -70 КИ 1 -2 - - - - - - 39 -72 2022-2023 А 31 -39 КИ 1 -2 - - - - - - 32 -41Вкупно Емполи 69 -109 2 -4 - - 71 -113 2023-2024 ПЛ 38 -61 ФАКуп+ЛК 2+0 -1 - - - - - - 40 -62 2024-2025 ПЛ 24 -37 ФАКуп+ЛК 0+1 -1 ЛЕ 9 -5 - - - 34 -43 2025-2026 ПЛ 31 -50 ФАКуп+ЛК 1+0 -2+0 ЛШ 10 -11 СУ 1 -2 43 -65Вкупно Тотенхем 93 -148 4 -4 19 -16 1 -2 117 -170 2026-2027 А 5 -4 КИ - - ЛЕ 0 0 - - - 5 -4Вкупно во кариерата 319 -441 18 -19 19 -16 2 -6 358 -482
Титули Клупски Венеција Серија Д : 1 2015-2016 (група Ц) Лега Про : 1 2016-2017 (група Б)
Тотенхем УЕФА Лига Европа : 1 2024-2025
Поединечни Одбрана на месецот во Премиер лигата на Англија: Април 2025 London Football Awards : Голман на годината: 2024 Тим на сезоната во УЕФА Лига Европа: 2024–2025
Наводи
Надворешни врски
Гуљелмо Викарио на soccerway Гуљелмо Викарио на transfermarkt Гуљелмо Викарио на espn Гуљелмо Викарио на tuttocalciatori Гуљелмо Викарио на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Родени во 1998 година Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Удинезе Категорија:Фудбалери на ФК Венеција Категорија:Фудбалери на Каљари Калчо Категорија:Фудбалери на ФК Перуџа Категорија:Фудбалери на ФК Емполи Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус