Снежен штавеј, (латински: Rumex nivalis) — вид растение скриеносеменици од семејството подворки. Ендемично е во Европа.

Дводомно растение, со одделни машки и женски растенија.

Растението за првпат го открил Александар Морици во 1836 година во Швајцарските Алпи. Најзастапен е на 7000 стапки надморска височина.

Во Македонија Во Македонија расте по станишта каде што снегот се задржува подолго, а почвата содржи варовник, на надморска височина од 2000 до 2650 метри. Видот е познат само за Шар Планина, Кораб, Јакупица и Галичица. Ботаничарот Рудски во 1938 година го посочил за јужниот дел од Шар Планина: Рудока и Враца.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Дводомни растенија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Алпите Категорија:Штавеј (род)