Андрес Барберо (1877 во Асунсион – 1951 во Асунсион) ― парагвајски научник и ботаничар.

Детството и студиите Хуан Барберо и Каролина Кроса, имигранти од Пиемонт, стигнале во Парагвај кога Парагвајската војна штотуку завршила. Тие се венчале во Асунсион во 1871 година и имале пет деца, од кои третото било Андрес Хозе Камило.

Хуан Барберо придонел за изградбата и обновувањето на куќите што биле уништени за време на војната. Тој стекнал значително богатство и станал сопственик на урбани и рурални имоти. Во 1910 година, тој се стекнал со вредна куќа на авенијата „Еспања“, чиј имот се протегал сè до железничката пруга, денешната улица „Гондра“.

Андрес Барберо е роден во Асунсион на 28 јули 1877 година. Во 1898 година ги завршил студиите по фармација, а во 1903 година и студиите по медицина, при што бил меѓу првите лица што се стекнале со диплома по медицина во Парагвај.

Неговата материјална обезбеденост му овозможила целосно да се посвети на наставната дејност, најпрво во Националното училиште, а подоцна и на истиот Медицински универзитет, каде што предавал предмети од областа на физикалната медицина, физиологијата и хистологијата.

Истражување и филантропска работа Спроведувал опсежни истражувања заедно со други научници, како што биле Емилио Хаслер, Гиљермо Тел Бертони и Парагваецот Теодоро Рохас. Заедно го основале Парагвајското научно друштво. Неговата страст кон ботаниката го поттикнала да работи во Музејот на природната историја, а подоцна станал уредник на парагвајското научно списание.

Тој лично финансирал неколку од организациите во чие основање учествувал, меѓу кои биле Црвениот крст, Институтот за рак, Научното друштво, детската болница и офталмолошкиот центар. Тој исто така го финансирал изградбата на трикатна зграда на аголот на авенијата „Еспања“ и улицата „Момпокс“, во која биле сместени повеќе од неговите научни институции, со поддршка од Фондацијата „Барберо“. Таму бил сместен и Музејот на природните науки, кој денес е познат како Музеј и библиотека „Андрес Барберо“.

Од 1940-ти години наваму биле основани и други институции, меѓу кои Парагвајското етнографско друштво, Парагвајското друштво за домородните народи, Парагвајскиот институт за историски истражувања, а подоцна и Парагвајската академија на историјата и Друштвото за култура на Гварани. Во 1941 година бил одликуван со Националниот орден за заслуги, со ранг голем офицер.

Смрт и наследство Барберо, сам и без деца, починал на 14 февруари 1951 година. Парагвајската влада го прогласила денот на неговата смрт за ден на национална жалост.

Сестрите Барберо ги донирале сите негови добра на фондацијата „Ла Пиедад“, создадена во негова чест.

Во Асунсион има споменик со фигурата на Барберо во авенијата Артигас и улицата Бразил.

Наводи

Надворешни врски

Museo de Andrés Barbero Sociedad Científica del Paraguay

Категорија:Парагвајски ботаничари Категорија:Починати во 1951 година Категорија:Родени во 1877 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Краток опис различен од Википодатоците Категорија:Ботаничари со авторски кратенки