Националната библиотека на Бангладеш (бенгалски: বাংলাদেশ জাতীয় গ্রন্থাগার; романизација: Baṅladeś Jatiẏō Grōnthagar) — национална библиотека на Бангладеш. Согласно со прописите за авторско право во земјата, библиотеката прима задолжителни примероци од новообјавените книги и други печатени изданија.
Основана е во 1973 година, а нејзините почетоци се поврзуваат со 1967 година, односно со периодот пред Ослободителната војна на Бангладеш и стекнувањето независност. Библиотеката е отворена за јавноста, а во нејзиниот фонд има книги на бенгалски и на англиски јазик. Сместена е во зградата на Националната библиотека во Дака. Историја По поделбата на Индискиот Потконтинент во 1947 година, Владата на Пакистан во 1962 година ја основала Националната библиотека на Пакистан во Карачи. Во 1967 година во Дака бил отворен покраински оддел за задолжителни примероци, кој работел во состав на Националната библиотека на Пакистан.
По Ослободителната војна на Бангладеш се појавила потреба новата држава да добие сопствена национална библиотека. Имајќи ги предвид нејзиното значење и улогата што требало да ја има, Владата донела одлука Националната библиотека на Бангладеш да биде основана во Дака.
Библиотеката ја започнала својата работа со кадарот, фондот и другите средства преземени од Покраинскиот оддел за задолжителни примероци. Овој оддел, всушност, претставувал основа за создавањето на Националната библиотека на Бангладеш во 1973 година.
Заедно со Националниот архив на Бангладеш, библиотеката била ставена под надлежност на Дирекцијата за архиви и библиотеки, која работи во состав на Министерството за култура.[ Во 1978 година, во рамките на владиниот петгодишен план, библиотечната зграда била опремена со систем за климатизација.
Во 2008 година библиотеката останала без електрична енергија речиси еден месец поради нерешен проблем меѓу компанијата за снабдување со електрична енергија во Дака и Одделот за јавни работи, при што дефектот не бил навреме отстранет. Библиотеката била предмет на критики и поради тоа што немала електронски каталог достапен преку интернет.
Наводи
Категорија:Национални библиотеки Категорија:Координати на Википодатоците