Елизабет А. Вилер (родена на 10 јануари 1944 година) — американски биолог, ботаничар и шумски научник, која е и почесен професор на Одделот за шумски биоматеријали на Државниот универзитет во Северна Каролина. Нејзината истражувачка работа е во областа на анатомијата на дрвјата (меки и листопадни дрвја) и палеонтологијата (доцна креда и рана терцијарна фосилна шума), Поголемиот дел од нејзината истражувачка работа е во соработка со холандскиот ботаничар, Питер Бас.
Образовна и истражувачка кариера Вилер студирала биологија на колеџот Рид во Портланд, Орегон, и дипломирала во 1965 година. Таа магистрирала по ботаника на Универзитетот Карбондејл во Јужен Илиноис (1968-1970), а потоа на докторски студии по ботаника, стекнувајќи се со докторат во 1972 година.
Во периодот од 1972 до 1976 година, таа работела како кустос-асистент и почесен истражувач во Лабораторијата за анатомија и морфологија на растенијата „Бејли-Ветмор“ на Универзитетот Харвард. Во 1976 година, Вилер станала доцент на Државниот универзитет во Северна Каролина на Одделот за наука за дрва и хартија, каде што работела без прекини до 2008 година, кога се пензионирала како редовен професор.
Вилер ја координирала иницијативата на NCSU за создавање на InsideWood, која претставува чисто образовна база на податоци што содржи илјадници анатомски описи на дрвото и над 66.000 фотомикрографии, а нејзината бесплатна, отворена покриеност е достапна низ целиот свет.
Таа е членка на Меѓународното здружение на дрвни анатомисти, Американското ботаничко друштво и Меѓународната организација за палеоботаника, а исто така, и е член на Меѓународното здружение за дрвна наука и технологија. Таа била соуредник на списанието IAWA, во соработка со тогашниот уредник, Питер Бас. Во октомври 2023 година, мета-истражување спроведено од Џон Јоанидис и останати, на Универзитетот Стенфорд ја вклучиле Вилер во Елсевиер Дата 2022, каде што била ставена на ранг листата меѓу првите 2% од истражувачите на сите времиња во шумарството - палеонтологијата. Од април 2026 година, истражувачките публикации на Вилер се цитирани повеќе од 9.000 пати во Google Scholar (h-индекс: 48).
Наводи
Надворешни врски
ResearchGate Елизабет Вилер InsideWood на Државниот универзитет во Северна Каролина
Категорија:Американски ботаничари Категорија:Родени во 1944 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Ботаничари со авторски кратенки