Sub rosa (од неолатински: „под розата“) — латински израз што означува тајност или доверливост. Розата има античка историја како симбол на тајноста.

Историја и митологија Во старогрчката и подоцнежната римска митологија, розите биле поврзани со тајноста бидејќи Купидон му дал роза на Харпократ (богот на тишината) за да ги заштити и да не ги открие љубовните тајни на Венера.

Поради оваа симболика, во антиката просториите за банкети и собири често биле украсувани со резби или слики од рози. Ова служело како потсетник за присутните дека сè што ќе се расправа во тие простории (буквално „под розата“) мора да се чува во строга тајност и не смее да се пренесува надвор.

Овој концепт подоцна бил наследен и во христијанската симболика. Во католичките цркви, розите честопати биле резбани на исповедалниците као визуелен симбол кој означува дека сè што ќе биде кажано за време на исповедта ќе остане во строга тајност помеѓу свештеникот и верникот. Во текот на средниот век, розата исто така била резбана и на таваните во салите за состаноци на државните совети, обврзувајќи ги советниците на доверливост.

Јазична застапеност Преку латинскиот, изразот најпрво влегол во германскиот јазик како буквален превод (преведеница) — unter der Rose (во постарите облици запишуван и како under der Rose).

Подоцна, во текот на XVII век, изразот се појавува и во англискиот јазик. Таму се користел и во својот изворен латински облик како позајмен израз (документирано барем уште од 1654 година), но и преку неговиот непосреден англиски превод — under the rose.

Поврзани изрази Изразот понекогаш се споредува со изразот sub vino („под вино“), која се однесува на ситуација кога човек е под дејство на алкохол и поради тоа има „брз јазик“ и лесно ги открива тајните (концепт поврзан со познатата поговорка In vino veritas).

Поврзано In vino veritas„Во виното е вистината“

Наводи

Категорија:Латински изрази Категорија:Симболи