Густ плускавец (науч. Silene congesta) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene. Видот расте по каменливи места и карпи во субалпскиот појас.
Опис Повеќегодишно растение. Стебленцата се вертикални, високи до 30 см, задрвенети. Долниот дел на стеблото и листовите се густо влакнести. Долните листови се зближени, ланцетно лопатовидни, погорните се помали. Гранчињата на соцветието се наизменични. Чашката е 6-8 мм долга, густо жлездесто влакнеста. Венечните ливчиња се зеленикави до жолтеникави, на врвот всечени, грлени лушпи нема. Плодната кутијка е околу 5 мм долга, широко јајцевидна.
Подвидови Прифатени се следниве подвидови: S. c. congesta S. c. moreana
Во Македонија Во Македонија се посочува дека видот е најден на Пелистер во 1843 година, Ниџе и Буково во 1904 година, но до овие наводи не се потврдени на теерен.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)