Зеленоцветен плускавец (науч. Silene viridiflora) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.

Опис Многугодишно тревесто растение високо 50-90 см. Стеблото е вертикално, поединечно во базалниот дел со густи влакненца прилегнати и свртени надолу, и со по некое подолго и расперено влакно. Во горниот дел се појавуваат жлездести влакна, така што соцветието е исклучиво жлездесто, влакнесто и лепливо. Листовите се од обете страни со густи куси влакна, а по работи трепавичести. Соцветието е ретко, најдолните странични гранчиња се најдолги и имаат 1-3 цвета. Цветовите се со долги дршки.

Во Македонија Во Македонија расте покрај реки, карпи, грмушести растенија, во ретки шуми, од низните па до 1500 метри надморска височина. Претставува доста често растение, познато за Скопје, Водно, Скопска Црна Гора, Шар Планина, Јакупица, Кадина Река, Прилеп, Дебар, Мал Крчин, Кожуф, Гевгелија, Пехчево, Осогово, и Крива Паланка.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)