Herniaria nigrimontium е растение од фамилијата каранфили.

Опис Едногодишно, поретко двегодишно растение. Стебленцата се 10-20 см долги, полегнати, силно разгранети по целата должина. Листовите се најчесто наизменични, обратно јајцевидни до ланцетни, до 8 мм долги и до 3 мм широки, стеснети во основата, на врвот тапи, горната и долната страна се речиси голи. Цветовите се групирани по 6 или ви голем број во топчести соцветија. Цветовите се речиси приседнати, во основата тесни, 1,5-1,6 мм долги.Кирил Мицевски:Флора на Република Македонија, Том 1, св. 2, МАНУ, Скопје, 1993, стр. 292

Во Македонија Во Македонија расте по варовнички камењари во алпскиот и субалпскиот појас. Видот е познат само за Јакупица, Солунска Глава, а се посочува дека во 1968 година е виден на Кајмакчалан.

Наводи

Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија