Претседателот бил водачот на Сојузот на комунистите на Македонија (СКМ), владејачка партија во НР Македонија и СР Македонија во рамките на СФРЈ. Тој се бирал од Централниот комитет на СКМ според нејзиниот статут, а истиот можел и да го разреши. Претседателот по функција членувал во Претседателството на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија (СКЈ) и во Претседателството на СР Македонија. За да може да биде избран, тој морал да биде член на Претседателството на Централниот комитет на СКМ. VIII конгрес на СКМ вовел двогодишно мандатно ограничување за носителите на таа функција.
Оваа функција влече корени од Секретарот на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија во Македонија, воведена на 8 септември 1939 г. Комитетот немал посебни права и бил под надлежност на Централниот комитет на Југославија. На 19 март 1943 г. Покраинскиот комитет прераснал во Комунистичката партија на Македонија, која го избрала Лазар Колишевски за Секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија. На VI конгрес на КПЈ (2–7 ноември 1952) е решено партијата да се преименува во Сојуз на комунистите , а потоа македонскиот републички огранок со тоа станал Сојуз на комунистите на Македонија. На 4 октомври 1966 г. V пленарна седница на the ЦК на VIII конгрес на СКЈ ја укинал функцијата Генерален секретар на сојузно ниво, и ја заменил со функцијата Претседател. ЦК на СКМ се состанал во 1966 г. и го сторил истото, со тоа воведувајќи ја функцијата „Претседател на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија“. Реформите донесени од пленумот на СКЈ ги зајакнал надлежностите на републичките ограноци, поради што македонскиот партиски водач добил повеќе власт. На VIII конгрес на СКМ (8 мај 1982) воведени се уште реформи, со кои функцијата се укинува, и се заменува со Претседател на Претседателството на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија. Оваа функција постоела сè до 20 април 1991 г. кога партијата била преименувана во Социјалдемократска партија на Македонија (СДСМ).
Историја на функцијата Звање Воведено Укинато Воведено од Секретар на Покраинскиот комитет на Македонија 8 септември 1939 19 март 1943 ЦК на IV конгрес на СКМ Секретар на ЦК на Сојузот на комунистите на Македонија 19 март 1943 12 ноември 1966 I конгрес на КПМ Претседател на ЦК на Сојузот на комунистите на Македонија 12 ноември 1966 8 мај 1982 ? Пленарна седница на ЦК на IV конгрес на СКМ Претседател на Претседателството на ЦК на Сојузот на комунистите на Македонија 8 мај 1982 20 април 1991 ЦК на VIII конгрес на СКМ
Функционери Претходници +Секретари на Покраинскиот комитет на Македонија Слика Име Од До 1 8 септември 1939 март 1940 1914 1933 1943 2 90п март 1940 август 1941 1897 1940 1944 3 90п август 1941 ноември 1941 1914 1935 2000 4 90п ноември 1941 мај 1942 1905 1923 1980 5 90п јуни 1942 септември 1942 1912 1937 1994 6 90п септември 1942 19 март 1943 1915 1938 1944
Претседатели +Претседатели на Сојузот на комунистите на Македонија Слика Име Од До Мандат 1 90п 19 март 1943 3 јули 1963 I кон.–III кон.(1948–1965) 1914 1935 2000 2 90п 3 јули 1963 20 март 1969 III кон.–V кон.(1959–1974) 1921 1939 2001 3 90п 20 март 1969 8 мај 1982 V кон.–VII кон.(1968–1982) 1923 1942 2003 4 8 мај 1982 5 мај 1984 VIII кон.(1982–1986) 1925 1941 — 5 5 мај 1984 10 мај 1986 VIII кон.(1982–1986) 1935 1957 2019 6 10 мај 1986 28 ноември 1989 IX кон.(1986–1989) 1936 1958 2021 7 90п 28 ноември 1989 20 април 1991 X кон.(1989–1991) 1948 1971 —
Наводи