десно|мини|333x333пкс| Водата во овој поток образува различни текови додека се спушта надолу. Тек или течение — движење на водата во водотек (река, канал, поток). Водните текови течат под влијание на гравитацијата поради промени во нивото на водата. Текот варира просторно, како и временски, во зависност од брзината на протокот, градиентот на потокот и геометријата на каналот. Во плимните зони, струјата и потоците може да се променат при поплавната плима пред да се вратат во првобитната состојба при осеката.
Во поток или река, текот е под влијание на гравитацијата. Поимот спротиводно се однесува на насоката кон изворот на потокот (или реката), т.е. спротивно од насоката на течењето. Слично на тоа, поимот низводно го опишува правецот кон устието на потокот или реката, во кој тече струјата. Поимите лев брег и десен брег се однесуваат на бреговите гледано во правецот на течењето, во низводниот правец.
Наводи
Категорија:Потоци Категорија:Реки Категорија:Хидрологија Категорија:Крајбрежна географија