мини Potentilla caulescens е повеќегодишен тревест вид скриеносемено растение од семејството рози.

Потекнува од Европа, каде што расте низ Алпите, како и во планините во јужна Европа и во планините Атлас во северна Африка. Расте на карпест терен, често во пукнатини од надморска височина од 500 до 2000 метри.

Цвета од јуни до септември, со цветови со пречник од 1 до 2,2 сантиметри.

Опис Многугодишно тревесто растение, со јак хоризонтален или вертикален ризом обвиен од базалните делови на изумрените листови, по површината со прилегнати или полурасперени влакна, а помеѓу нив и жлездести влакна. Цветното стебленце 5-20 (30) цм високо. Листовите дланковидни, со 5 ливчиња; базалните листови групирани во снопче, со долги дршки кои се со прилегнати свиленести влакна и жлездести влакна. Ливчињата долгнавесто-обратно-јајцевидни, 2-3-пати подолги отколку широки, целокрајни, на врвот со 3-5 остри запчиња, кон основата клиновидни, на обете страни и по работ со прилегнати долги свиленести влакна. Прилисниците долги, линејни, на врвот со подолг слободен линеен и постепено заострен дел, кој по работ е со долги сребренести влакна. стеблените листови помали, приседнати, со 3 ливчиња и со широко-ланцетни прилисници. Цветовите 12-25 мм во пречник, групирани во ретко соцветие слично на штит. Чашкините ливчиња ланцетни, на врвот постепено заострени, поретко јајцевидно-ланцетни, а ливчињата на епикаликсот потесни и скоро еднакво долги колку и чашкините ливчиња, или многу малку подолги од нив и со долг и тенок заострен врв. И двата вида ливчиња по површината и по работ со долги прилегнати влакна. Венечните ливчиња бели, обратно-јајцевидни, долги колку чашкините ливчиња или незначително подолги од нив, а на врвот многу слабо всечени или скоро целокрајни.

Филаментите со густи, долги и нас чени нагоре полурасперени свиленести влакна. Цветната ложа со долги влакна. Столпчињата жолтеникави, долги, кончесто-тенки. Оревчињата на грбната страна и во горниот дел со сноп од бели, долги, свиленести влакна.

Распространетост во Македонија Potentilla caulescens расте по пукнатините на варовничките карпи.

Позната единствено за карпите кај изворот на реката Бабуна (пл. Јакупица) и блиската околина.

Наводи

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Европа Категорија:Петопрст Категорија:Флора на Македонија