Хетерохромија (од — „поинаков“, „различен“, и χρῶμα — „боја“) — различна боја на шареницата на десното и левото око или различна обоеност на различни делови од шареницата на истото око.Мала медицинска енциклопедија. 1991–96 г.Голема руска енциклопедија. 1994 г.Голем толковен медицински речник. 2001 г. Претставува последица на релативен вишок или недостаток на меланин (пигмент). Исто така, под хетерохромија може да се подразбира и различна обоеност на кожата или на косата.

Бојата на очите, односно бојата на шареницата, првенствено се определува со концентрацијата и распределбата на меланинот.Wielgus AR, Sarna T. „Melanin in human irides of different color and age of donors.“ Pigment Cell Res. 2005 Dec;18(6):454-64. PMID 16280011.Prota G, Hu DN, Vincensi MR, McCormick SA, Napolitano A. „Characterization of melanins in human irides and cultured uveal melanocytes from eyes of different colors“. Exp Eye Res. 1998 Sep;67(3):293-9. PMID 9778410.„All About Eye Color“ од Лари Бикфорд Окото зафатено со хетерохромија може да биде хиперпигментирано или хипопигментирано.

Кај новородените деца, бојата на очите честопати е поизразена од вообичаеното. Скоро секогаш со возраста бојата на очите избледува, но понекогаш може да ја задржи длабочината на бојата. Ова е ретка појава, но почесто се среќава кај целосна хетерохромија, иако веројатноста за ваква појава и понатаму останува мала.

Секоја година на 12 јули се одбележува Денот на многубојните очи, посветен на луѓето со хетерохромија.National Different Colored Eyes Day

Класификација и причини за настанување мини|десно|Делумна хетерохромија: сина шареница со кафеав сектор мини|Делумна хетерохромија мини|десно|400пкс| Хетерохромијата најчесто се класифицира како генетска или стекната. Иако често се прави разлика помеѓу хетерохромија на окото: целосна () и делумна. При целосната хетерохромија, бојата на едната шареница се разликува од бојата на другата. При делумна хетерохромија или секторна хетерохромија, бојата на еден дел од шареницата се разликува од бојата на останатиот дел.

Вродена хетерохромија Како правило, се наследува по автозомно-доминантен систем.

Абнормално затемнување на шареницата Лишови јазли — еден од симптомите на неврофиброматозата Увеална меланома Синдром на пигментна дисперзија — се одликува со губење на пигментацијата на задната површина на шареницата, која се шири внатре во окото и се таложи на различни внатреочни структури, вклучително и предната површина на шареницата Стерџ-Веберов синдром

Абнормално осветлување на шареницата Проста хетерохромија — појава што се одликува со отсуство на други очни или системски проблеми. Абнормално светлите очи обично се сметаат како хипоплазија на шареницата. Може да се пројави и целосно и делумно. Варденбургов синдром Хорнеров синдром Пиебалдизам — присуство на вродени бели дамки на кожата на екстремитетите, лицето и некои други делови од телото, целосно лишен од меланоцити; се наследува по автозомно-доминантен тип и е условен од различни мутации. Хиршпрунгова болест Блох-Сулицбергеров синдром Пари-Ромбергова болест (Ромбергов синдром)

Стекната хетерохромија Се стекнува, како правило, поради траума, воспаление, тумори или употреба на одредени капки за очи.

Абнормално затемнување на шареницата Наслаги од железо на рожницата — сидероза (таложење на железо во ткивата на окото) и хемосидероза. Одредени капки за очи што се користат надворешно за намалување на внатреочниот притисок кај болни од глаукома. Се јавува поради стимулирање на синтезата на меланин во шареницата. Тумор Иридокорнеален ендотелијален синдром

Абнормално осветлување на шареницата Фуксов хетерохромен иридоциклитис — како последица на внатреочно воспаление доаѓа до атрофија на шареницата и се јавува хетерохромија карактеристична за оваа состојба. Хорнеров синдром — обично се стекнува поради невробластома, но понекогаш е и вроден. Меланомата исто така може да биде причина за осветлување на шареницата.

Покрај тоа, хетерохромијата може да биде предизвикана и од Дувејнов синдром, мозаицизам, увеитис, јувенилна ксантогранулема, леукемија и лимфом.

Хетерохромија кај животните Целосна хетерохромија мини|десно| Хетерохромијата кај животните е позастапена отколку кај луѓето. Таа најчесто води до сина боја на едното око.

Очи со различна боја можат да се сретнат кај целосно бели мачки или кај мачки со висок процент на бела боја во крзното, особено кај расите како што се турскиот ван и турската ангора. Мачките што имаат очи со различна боја се нарекуваат многуглави. Кај овие мачки, едното око е портокалово, жолто или зелено, додека другото е сино. Кај мачките од расата као-мани, хетерохромијата се среќава најчесто.

Кај домашните кучиња, хетерохромијата често се среќава кај расата сибирски хаски.

Коњите со целосна хетерохромија обично имаат едно кафеаво, а второто бело, сиво или сино око. Целосната хетерохромија е најзастапена кај коњите со шарена боја на влакното (шарени коњи). Исто така, таа се среќава и меѓу кравите и азиските биволи.

Секторна хетерохромија Секторната хетерохромија често се среќава кај кучињата од расите австралиски овчар, хаски и бордер-коли.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Очни болести Категорија:Медицински знаци