— манга, чиј автор е Кеитаро Такахаши. Првично била објавувана од издавачката куќа Shogakukan во месечното списание Monthly Sunday Gene-X. Мангата била лиценцирана од компанијата Viz Media за распределба на територијата на САД, како и на територијата на Тајван од компанијата Taiwan Tohan. Подоцна, врз основа на заплетот на мангата, студиото White Fox издало 12-сериска аниме-серија, која се прикажувала на телевизискиот канал Tokyo MX TV од 11 мај до 27 јуни 2012 г., а потоа и на други канали: Tokyo MX, Television Kanagawa, KBS, AT-X, BS11, TV Aichi и Sun Television. На 10 октомври започнала втората сезона на анимето под наслов Jormungand: Perfect Order. Двете сезони се лиценцирани на територијата на САД од компанијата Funimation Entertainment, додека на територијата на Франција, првата сезона била лиценцирана од компанијата Dybex.
На аниме-серијата ѝ било посветено радиоемисија, во кое учествувале сеијуата на главните ликови: Шизука Ито и Муцуми Тамура.
Содржина Дејството се врти околу Коко Хекматјар — девојка што се занимава со продажба на оружје за тајната компанија HCLI, како и за корпорацијата за меѓународен поморски транспорт, која тајно се занимава со трговија со оружје. Како дилер, Коко продава оружје во различни делови на светот, притоа успешно избегнувајќи ги месните власти и надлежните органи, бидејќи нејзината работа според меѓународното право се смета за незаконска. Со неа патува група телохранители, која се состои главно од поранешни воени ветерани. Иронично, еден од нејзините чувари се покажува дека е дете со темна кожа, бела коса и црвени очи, кое ги мрази дилерите, особено братот на Коко, но е принудено да работи за неа.
Ликови
Корпорација HCLI
Главна јунакиња на приказната. Има околу 25 години. Многу светла коса, бледо лице, сино-сиви очи. Млад трговец со оружје, ќерка на трговски магнат. Официјално е дел од Европскиот и Африканскиот оддел за транспорт на оружје. Многу весела, храбра и харизматична, многумина сѐ уште ја сметаат за дете. Таа е истовремено верна и сурова кон своите подредени, а во потребна ситуација е подготвена да изврши и убиство. Затоа го добила прекарот „Чудoвиште“. Коко чува посебна тајна од сите освен од Амада Минами. Многу го сака Јона.
Дете војник од западноазиско потекло. Специјалист за борба во планински предели. Слаб во совладувањето на училишната програма, особено во математиката. Тој се приклучил на планинската пешадија и потоа бил распореден во воена база заедно со други четири сирачиња. Меѓутоа, кога за време на расчистување на пат од мини едно од сирачињата загинало, Јона ја уништил базата за да ја одмазди својата пријателка и да ги заштити другите деца. За време на борбата го убил Гасуд — вработен во HCLI и подреден на Каспер, и набрзо бил фатен од Чикита и останатите борци на Каспер. Од него дознал дека разурнатата база секако морала да биде уништена бидејќи ја попречувала изградбата на патот што ќе ги олесни испораките на оружје на Каспер во Азија. Јона го убил соработникот на Каспер, и како казна бил затворен во контејнер неколку дена. Подоцна признал дека им продал оружје на оние што го уништиле селото на Јона, и е непосредно виновен за смртта на неговите родители. Во замена за мирна и сигурна иднина на трите преостанати деца, Јона се согласил да работи за Каспер и станал телохранител на Коко.
Вистинското име ѝ е Софија Велмер. Поранешен мајор на механизираниот јегерски баталјон на Финските сили за брза реакција. Потомок на воено семејство. Валмет служела како офицер на мировните сили на ОН во една од земјите на Северна Африка (најверојатно Алжир или Судан). За време на една патрола, нејзината единица била уништена од Чен Гуоминг, офицер на специјалните сили на КНОА. Како последица на тоа, Валмет го загубила окото и била отстранета од команда. Набргу по тоа, била ангажирана од Коко. Вљубена е во Коко, но таа постојано го игнорира тоа или ја дразни поради тоа. Одлично владее со нож и огнено оружје. Во екипата ја има улогата на втор водач, и покрај тоа што се држи малку повлечено.
Најстар член на екипата на Коко и нејзина десна рака. Поранешен борец од единицата „Делта“, кој бил сведок на настаните во Сомалија во 1993 г. Ветеран, платеник со добри лидерски вештини и весел карактер. Во минатото бил телохранител на Флојд Хекматјар заедно со Чикита, неговата поранешна сопруга. Тој е добар снајперист и понекогаш работи заедно со Луц.
Поранешен артилериски офицер од една азиска земја. Бил отпуштен од воена служба по несреќен случај со смртни последици за време на една вежба, по што бил ангажиран од Коко. Единствениот подреден на Коко што има свое семејство. Му држи часови по наука на Јона.
Вистинското му име е Ренато Сочи. Италијанец. Поранешен разузнавач од единицата Берсаљери. Учествувал во Босанската војна во рамките на мировната мисија на ОН. За време на таа војна почнал да работи со агентот Блек, кој го носел кодното име „Кукларот“. Подоцна бил вметнат во кругот на Коко за време на операцијата „Андершафт“, чија цел била да обезбеди пристап до системот за сателитско следење на HCLI, но на крајот целосно преминал на страната на Коко. Загинал во престрелка со одредот на Хекс, откако ѝ кажал на Коко кој е всушност тој.
Поранешен возач на мафијата, бил ангажиран од Коко откако таа ја уништила нивната банда. Уго со радост ја прифатил нејзината понуда бидејќи ги мразел дрогите, бидејќи му го уништиле братот. Станал личен возач на Коко.
Поранешен снајперист од германската специјална полициска единица. Во екипата на Коко настапува како главен снајперист. И покрај неговите извонредни вештини за урбано војување, се губи во дивина, поради што останатите му се потсмеваат.
Вистинското му име е . Поранешен оперативен службеник од тајната јапонска воена разузнавачка единица — SR. Посетил многу жаришта во светот, вклучително и Куба. 20 минути по напуштањето од SR му било понудено да работи за Каспер Хекматјар. Одлично ракува со секое оружје. Знае да води преговори. Го учи Јона математика.
Вистинското му име е Вилијам Нелсон. Поранешен поручник од 20-та бригада и инженер од XVIII воздушно-десантен корпус во Американската армија. Специјалист за минско-избувливо работи. Дипломирал архитектура на Универзитетот Вирџинија. Вили го запознал Лем за време на Првата заливска војна, подоцна се приклучил на „Делта“, кај Лем и Ехо. По извесно време ја напуштил воената служба и се приклучил на екипата на Коко. Го учи Јона англиски јазик. Единствениот црномурест член во екипата на Коко.
Целосно име . Поранешен оперативец од единицата „Делта“, член на екипата на Лем. Подоцна — телохранител на Коко. Се одликувал со весел карактер. Загинал многу пред настаните од серијата, во судир со борците на Хекс. Неговата смрт многу ја променила Коко.
Постариот брат на Коко. Член е на азискиот оддел за логистика на HCLI. Тој и Коко се родени во контејнер на брод и често менувале лажни пасоши, нивната вистинска национална и државна припадност е непозната. Како и Коко, има снежнобела коса и кожа. Ексцентричен, весел, многу паметен и итар. Како стопанственик е многу суров и професионален. Не избира средства за да ги постигне своите цели, но притоа си го држи дадениот збор. Претставува предмет на омраза од страна на Јона, бидејќи е индиректно виновен за смртта на неговите родители.
Поранешна телохранителка на Флојд Хекматјар, а сега — командантка на телохранителите на Каспер. Поранешна (повеќекратна) сопруга на Лем. Цинична и разиграна. Специјалист за борба со нож.
Шеф на HCLI. Татко на Каспер и Коко. Ладен и пресметлив деловен човек.
Белешки
Наводи
Надворешнив врски
Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии Категорија:Манга од 2006 година Категорија:Аниме на Crunchyroll