Ranunculus peltatus е растителен вид од родот лутиче, Ranunculus, по потекло од Европа, југозападна Азија и северна Африка.
Тоа е тревно едногодишно или повеќегодишно растение кое генерално се наоѓа во бавни потоци, бари или езера. Има два различни типа листови, широки заоблени лебдечки листови 3-5 см во дијаметар со три до седум плитки лобуси и ситно поделени кончести потопени листови. Цветовите се бели со жолт центар, 15-20 mm во дијаметар, со пет ливчиња.
Некои авторитети сметаат дека постојат два подвида; subsp. peltatus, кој претпочита слатководна вода, и subsp. baudoti која расте во соленкастите крајбрежни живеалишта. Вториот сега се смета за сосема посебен вид, Ranunculus baudotii.
Во Македонија расте по мисни и бавно истечни води, и претставува доста често растение. Познато за Демир Хисар, Прилепско, Битолско, Дебарско, Гевгелиско, Ресенско и други места.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 142, МАНУ, Скопје, 1985
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Растенија опишани во 1789 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Лутиче Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија