Delphinium peregrinum е евроазиско цветно растение, кое припаѓа на родот Delphinium, ендемично во Турција, источномедитеранскиот и западниот Иранско-турански регион. Растението има исправено, едногодишно стебло со голи сложени листови и достигнува висина од 27–35 см. см. Цвета помеѓу април и август, носи пет шарени чашкини ливчиња. Цветовите се ретко распоредени, неправилни.

Растението лесно се препознава по своите цветови од темно виолетова до лаванда боја кои личат на опашки од скорпија. Цветовите се опрашуваат од бумбари.

Етимологија Таксономското име на родот Delphinium е изведено од грчкиот збор delphis што значи делфин, бидејќи се сметало дека формата на цветот наликува на делфин.

Живеалиште Растението расте во тешки почви, на полиња каде што има изобилство сончева светлина и каде што има многу врнежи од дожд. Во Израел и Палестина, расте и на тераси од варовник, како и на лесна почва. Се наоѓа како расте на обработливи и необработени полиња, во гариг и на речиси секое место во земјата.

Во Македонија расте по пасишта и варовнички камењари.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 100, МАНУ, Скопје, 1985

Токсикологија Стеблата, луковичниот корен, семето и листовите на растението содржат токсини, имено, сапонини и алкалоиди кои дејствуваат на нервниот систем. Токсините се штетни за добитокот ако се изеде растението, а познато е дека на луѓето се пренесуваат преку пиење млеко или преку јадење месо од животни кои јаделе од растението.

Наводи

Надворешни врски

Список на растенија: Delphinium peregrinum Енциклопедија на животот, sv Delphinium peregrinum Фото галерија на Delphinium peregrinum (џунглата змеј) Кралски ботанички градини: Kew Science, Онлајн растенија на светот ( Delphinium peregrinum L. )

Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Кипар Категорија:Флора на Иран Категорија:Флора на Ирак Категорија:Флора на Грција Категорија:Флора на Бугарија Категорија:Флора на Албанија Категорија:Флора на Црна Гора Категорија:Флора на Хрватска Категорија:Флора на Италија Категорија:Флора на Босна и Херцеговина Категорија:Флора на Јордан Категорија:Флора на Сирија Категорија:Флора на Либан Категорија:Флора на Израел Категорија:Флора на Турција