БрајтбурнОфицијалното име на македонски јазик во кината било заведено како Брајтбурн, иако правилна транскрипција е Брајтберн. () — американски суперхеројски филм на ужасите од 2019 г. во режија на Дејвид Јаровески и продуценти Џејмс Ган и Кенет Хуан, по сценарио на Брајан и Марк Ган. Главните улоги ги толкуваат Елизабет Бенкс, Дејвид Денман, Џексон А. Дан, Мет Џонс и Мередит Хагнер. Филмот раскажува приказна за момче со вонземјанско потекло, Брендон Брајер, кое пораснало на Земјата, открива дека има надприродни моќи и ги користи со темни намери.
Филмот бил најавен во декември 2017 г. под работен наслов Untitled James Gunn Horror Project. Покрај Ган како продуцент, сценариото го напишале неговиот брат Брајан и братучедот Марк, кои ја адаптирале концепцијата за Супермен во жанрот на ужасите. Снимањето започнало во март 2018 г. и завршило во мај истата година.
Филмот бил снимен и финансиран од студијата Screen Gems, Stage 6 Films, The H Collective и Troll Court Entertainment. Неговото излегување во САД се одржало на 24 мај 2019 г. од страна на Sony Pictures Releasing, а во Македонија на 23 мај истата година. Филмот добил мешани критики од рецензентите, кои ги пофалиле елементите на ужасите, суровоста, концепцијата и играта на Бенкс; во исто време, критикувани биле сценариото, специјалните ефекти и темпото. Филмот заработил 33,2 милиони долари со буџет од 6 до 12 милиони долари.
Содржина По тешка борба со неплодноста, соништата на Тори Брајер за мајчинство се остваруваат со пристигнувањето на едно таинствено момче. Брендон изгледа како сѐ што Тори и нејзиниот сопруг Кајл некогаш сакале — паметен, надарен и љубопитен за светот. Но како што Брендон се приближува кон половото созревање, во него се пројавува моќна темнина, а Тори е обземена од страшни сомнежи за својот син. Откако Брендон започнува да постапува според неговите извиткани нагони, најблиските до него се наоѓаат во голема опасност.
Улоги
| Елизабет Бенкс || Тори Брајер |- | Дејвид Денман || Кајл Брајер |- | Џексон А. Дан || Брендон Брајер / Брајтбурн |- | Мередит Хагнер || Мерили Макникол |- | Мет Џоунс || Ноа Макникол |- | Беки Калстром || Ерика |- | Еми Хантер || Кејтлин |- | Грегори Алан Вилијамс || шерифот |- | Абрахам Клинкскејлс || Ројс |- | Теренс Роузмор || наставникот по физичко |- | Стефен Блекхарт || Травис
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2019 година Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови на англиски јазик