Ајфеловиот мост или Мост Скендерија — еден од мостовите преку реката Миљацка во Сараево. Се наоѓа во близина на сараевската Скендерија. Првобитниот мост бил изграден во 15 век по наредба на Скендер-паша, за да ги поврзе градбите на неговите задужбини на бреговите на реката Миљацка. Во 1893 година, спротиводно од првобитниот бил изграден мост со железна ограда. Наводно бил проектиран од бирото на Густав Ајфел, градителот на познатата Ајфелова кула во Париз, но нема документ што го потврдува ова.

Реконструкцијата на мостот била извршена во 2004 година. Од 1 до 18 август 2023 година мостот привремено бил именуван како Кинѓетов мост во чест на Мирза Делибашиќ.

За време на Сараевскиот филмски фестивал, на мостот се организира забава по завршувањето на фестивалот.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Никулци за архитектура Категорија:Мостови на Миљацка Категорија:Мостови во Сараево