Helleborus odorus — вид растение од родот кукурек, Helleborus.
Име
Латинското име е cheleborus odorus. На македонското јазично подрачје познато е како кукурек, кошничка (Горни Порој, Демир Хисар), б'клица (Гајтаниево, Неврокоп) и спреж (Дојран)Билтен на одборот за изработување на македонската терминологија, МАНУ, Скопје, 1974, стр. 7
Опис Многугодишно растение кое расте до 50 см во височина. Некои од базалните листови презимуваат. Листовите се крупни, кожести, на долната страна влакнести, насечени на 5-9 копјести дела, по работи назабени, на врвот заострени. Цветовите се неколку, 4-7 см во пречник, ароматични.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 93, МАНУ, Скопје, 1985
Во Македонија Во Македонија расте во шуми или покрај нив и по пасишта до 1500 метри надморска височина. Ова е многу често растение, познато за цела Македонија.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 94, МАНУ, Скопје, 1985
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Отровни растенија