Гола копривка () — листопадно дрво од родот копривка (Celtis) во семејството на конопите (Cannabaceae). Домородно е во делови од Европа и западна Азија.
Опис Растението може да биде голема грмушка или мало дрво, и достигнува висина до 3,5 м. Младите гранчиња голи, светликави, светлокафеави, со многубројни белузлави лентицели. Листовите кожести, широко овални до овални, асиметрични, во основата обично стеснети, на врвот заострени, 1,5-2 пати подолги отколку широки, голи или понекогаш со ретки и куси четинести влакна од обете страни, додека младите листови се со густи влакна кои покасно отпаѓаат; горната страна темнозелена, а долната жолтеникаво зелена; лисната ламина по работ напилена, а врвовите на запците свиени нанапред; лисната дршка до 10 мм долга. Плодот топчест, со жолт или портокалов егзокарп; костелката со слабо изразена мрежеста структура; дршката на плодот до 20 мм, односно 2-3 пати подолга од плодот.
Распространетост и живеалиште Растението се среќава на раштркани места во југоисточна Европа и западна Азија, вклучувајќи ги Македонија, Бугарија, Романија, Грција, Украина (Крим), јужна Русија, Ерменија, Азербејџан, Грузија, Турција, Либан и Сирија.
Вире на суви и карпести места, карпести стрмнини и планински падини од 900 м.н.в..
Во Македонија Голата копривка во Македонија расте во варовничките карпи и важи за многу ретко растение, забележано само на островот Голем Град во Преспанското Езеро.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Копривка Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија опишани во 1848 година