Пловечка водена папрат (науч. Salvinia natans) е годишна лебдечка водна папрат, која површно може да изгледа слична на мов. Се среќава низ целиот свет каде што има изобилство стоечка свежа вода, сончева светлина и влажен воздух, но е особено честа во Африка, Азија и централна Европа. Во државата Њујорк и Масачусетс, таа е воведен вид.

Опис ОВа е едногодишно пловечко растение со тенко разгрането стебло. Листовите се по три во пршлен, двата странични листа пливаат по површината на водата, целокрајни, овални, во основата срцевидни. Горната страна е брадавичеста и со кафеави влакна, а долната е влакнеста. Спорокарпиумите се во групи од 3-8, топчести и во основата на потопениот лист.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 75, МАНУ, Скопје, 1985

Во Македонија Во Македонија е широко распространето расте по блата, канали, оризишта и крајбрежјата на езерата.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 75, МАНУ, Скопје, 1985

Галерија

Наводи

Категорија:Флора на Јужна Америка Категорија:Флора на Европа Категорија:Воденопапратовидни Категорија:Водни растенија Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија