Сводната грамота на Зограф и Калимановата грамота претставуваат фалсифицирани грамоти, направени со цел да се потврди правото на Зографскиот манастир во Света Гора над некои места. Пишувани се од една рака во почетокот на 16 век. По особеностите на јазикот во нив со полна сигурност се заклучува дека се составени од Македонец. Меѓу најстарите ракописи во кои со доволна јасност се согледуваат особеностите на современиот македонски јазик.

Датирање Калимановата грамота за прв пат била објавена во 1845 година од Васил Априлов, кој верувал дека грамотата е автентична. Во 1878 година, Константин Јиречек оценил дека грамотата претставува доцна компилација, веројатно од 16 век. Палеографијата, јазикот и содржината јасно покажуваат дека станува збор за доцна компилација од XVI век, направена со цел да се потврдат некои имоти на Зографскиот манастир.

При читањето на грамотата лесно може да се забележат многубројни турцизми, како: , (дуќани), , , што јасно укажува дека тие не може да стојат во документ издаден од канцеларијата на царот Калиман, туку е составен за време на османлиското владеење. Независно од палеографијата и јазикот, и самата содржина на грамотата претставува низа несообразности и противречности. Така, грамотата се датира наводно од Калиман во 1192 година, иако тој цар владеел од 1241 до 1246 година. Во 1192 година царувал Калојан. Но ниту Калојан не е автор на грамотата, бидејќи во неа тој се нарекува ту син на Асен, ту пак (Јован) Асен му е прадедо, ту син му го носи името Михаил и др.

Лингвистички особености Анализата на јазичните особености на Калимановата грамота открива сложена интерференција меѓу традиционалната црковнословенска норма и иновативните црти на македонските говори. Тоа е видливо во карактеристични наставки за множина кај именки од среден род: -ина / -иња (), што е типична македонска иновација.

Наводи

Категорија:Историја на македонскиот јазик Категорија:Македонски ракописи