Euphorbia segetalis е вид на едногодишна билка од семејството млечки. Тие имаат самоодржлива форма на раст и едноставни, широки листови. Цветовите ги посетуваат Plagiolepis pygmaea, Polistes и пчели. Единките можат да пораснат до 16 цм височина.
Опис Едногодишно голо растение, до 40 цм високо, со вертикално, неразгрането или разгрането во самата основа стебло, со многу густи листови кои во долниот дел при цветање отпаѓаат, а по стеблото остануваат лузни.
Листовите се синкаво-зелени линејно до линејно-копјести 10-30 мм долги, 1-3 мм широки, целокрајни, на врвот заострени со кусо осилче, горните пошироки од долните.
Листовите во основата на штитот елиптично-долгнавести до копјести, на врвот заострени. Штитот со 5 зраци дихотомно разгранети најмногу до 5 пати.
Обвивката на циатумот 1,5 мм долга, топчесто-ѕвонеста влакнеста со 4 портокалови жлезди, со 2 или 4 рокчиња, кои може и да отсуствуваат.
Кутијката околу 3-3,5 мм долга, со неправилни брадавички по средината на карпелите.
Семките 1,5-2 мм долги, светлосиви, јајцевидни.
Распространетост во Македонија Ова растение во Македонија може да се најде по отворени песокливи места, во Гевгелија - с. Николич.
Наводи
Категорија:Флора на Малта Категорија:Млечка (растение) Категорија:Флора на Македонија