Полјани (, Поликарпи; до 1925 г. Πόλιανη, ПолјаниΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πόλιανη -- Πολυκάρπι) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 868 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото е сместено во западниот дел на котлината Меглен, на 7 км југозападно од С’ботско и 16 км северно од Воден.
Историја Во Османлиското Царство Селото имало значајно македонско муслиманско население кое во немирни времиња го примило исламот за да обезбеди сигурен опстанок. Во XIX век Полјани било село во Воденската Каза. Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Полјани (Полјане) било село сочинето од Македонци-христијани и Македонци муслимани. со вкупно машко население од 443 лица (131 домаќинство).
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Полјани (Polyani) било село во Воденската Каза со 225 куќи, и тоа 140 Македонци-христијани и 715 Македонци муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156 - 157. Согласно статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Полјани било верски мешано македонско село, со 150 Македонци-христијани и 1.100 Македонци муслимани.
Христијанското население на Полјани потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Полени (Poleni) имало 200 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191. Во 1909 г. во бугарска пропаганда отворила училиште.Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 1.439 жители. Во овој период Боривое Милоевиќ го завел со 260 куќи (погрешно сметајќи ги сите за муслимански). Во 1920 г. населението се намалило на 1.178 жители, веројатно поради војните. Во 1924 г. сето муслиманско население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доселени 953 грчки дојденци од Мала Азија. Во 1925 г. селото е преименувано во Поликарпи. Според пописот од 1928 г. селото било етнички мешано (во огромна полза на дојденците), со вкупно 301 семејства и 1.123 лица. Во 1940 г. е забележано дека Полјани броело 1.553 жители, од кои само 120 Македонци. Во текот на следните периоди селото бележи пад поради иселувањето во градовите, а делумно и во странство.
Население
Стопанство Селото лежи во рамничарски предел кој добро се наводнува и дава големи количества овошје, десертно грозје, индустриски пиперки, тутун, жито и други земјоделски производи.
Поврзано Меглен
Наводи
Категорија:Меглен