Василка Јордановска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Учествувала во НОД во Неготино од 1942 година. Во нејзиниот дом било сокриено оружје, муниција и војничка опрема, од 1943 година повремено чувала илегалци, меѓу кои и Ленка Џунова, нeгyвaлa болен илегалец и се грижела за неговата лекарска помош. По заминувањето на нејзиниот сопруr во партизани, мај 1943 година, Василка била изложена на терор од бугарската полиција, а вo летото 1943 година скоро секој ден била сослушувана во полицијата, бидејќи при еден претрес во нејзиниот дом била пронајдена машина за пишување. Учествувала и во изработка на топла облека за борците во НОВ. Во почетокот на 1945 година била примена за член на КПМ.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ