Heliotropium suaveolens е растителен вид опишан од Фридрих Август Маршал фон Биберштејн. Heliotropium suaveolens е вклучен во родот бубаќарка и семејството лисичинки.

Опис Едногодишно тревесто растение, до 40 см високо, разгрането од основата. Стеблото вертикално или подигнато, во долниот дел покриено со куси, четинести, прилегнати влакна, во горниот дел, особено во делот на соцветието, измешани со поретки, долги стрчести влакна. Листовите до 4 см долги, 1–2,5 см широки, јајцевидни до елиптични, клиновидни или обли во основата, обли до речиси заострени на врвот, покриени со ретки, куси, прилегнати четинести влакненца, а влакненцата по должината на жилите од долната страна се погусти и подолги. Дршките на листовите 1,5–2 см во должина. Цветовите миризливи, собрани во монохазијални соцветија. Чашката до основата разделена, чашкините сегменти 2,2–3 мм долги, 0,2–0,5 мм широки, линејно-издолжени, со густи стрчести влакна. Венчето 4–6,5 мм долго, венечната тубичка долга до 4 мм, најчесто светлозелена, влакнеста; проширениот дел од венчето со дијаметар 4,5–6,5 мм, бел. Антерите прикрепени во близина на основата од венечната трубичка, околу 1 мм долги.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 79-80, издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Плодот разделен на 4 оревчиња, долги до 2 мм, и широки 1,5 мм, со мрежовидно набрана површина.

Расте покрај патишта, обработливи и напуштени ниви, на рудерални места, камењари, брдски пасишта, од низините до околу 800 м.

Во Македонија Се посочува за повеќе локалитети во Македонија: Битола, Драгоманци, Велес, Прилеп, Селце, Дојран, Гевгелија, Преспа, Струмичко, Кратово, Превалец, Градско, Ресен, Кочани, Полошки манастир, Градец, Истибања, Штип, Скопско, Охрид: Канео, Овче Поле.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Бубаќарки Категорија:Флора на Европа