мини|253x253пкс|Фенерџијата во Брест, исто како во дамнешните времиња, ги пали керозинските фенери, привлекувајќи огромен број туристи. Фенерџија (од именката фенер) — градски службеник, чија задача била да се грижи за исправноста на уличните фенери и да ги пали. Ликот на фенерџијата, како човек што носи светлина, често се користи како симбол во уметничките дела.
Започнувајќи со изложбата на Фредерик Алберт Винзор во 1807 г. на улицата „Пал Мал“, гасните светилки постепено ги истиснале свеќите и маслените ламби како доминантен облик на улично осветлување. Првите гасни светилки барале постојано присуство на фенерџии, но до крајот на XIX век биле развиени системи што овозможувале светлата да работат автоматски. Со појавата на електричното осветлување, потребата од ангажирање фенерџии целосно исчезнала.
Историја
Обединето Кралство Во 1417 г., по наредба на градоначалникот Хенри Бартон, на улиците на Лондон биле поставени првите улични фенери. Меѓутоа, многу граѓани биле против ваквото осветлување.
Во 1807 г., на улицата „Пал Мал“ биле поставени керозински фенери по конструкција на Англичанецот Вилијам Мердок.
Франција На почетокот на XVI век, првите улични фенери се појавиле и во Париз: жителите биле принудени да држат светилки на прозорците што гледале кон улицата. Во 1667 г., Луј XIV издал посебен указ за уличното осветлување.
Чешка Во 1847 г. во Прага, на улицата „Кенигштрасе“ (денес Соколовска), била изградена гасна станица што работела до 1881 г.
Русија Во 1698 г., во Москва биле поставени 8 фенери кај царскиот дворец.
За таа намена по улиците има дрвени столбови обоени во сина и бела боја, од кои секој на железен прачка држи топчест фенер, кој се спушта со помош на макара за чистење и полнење со масло.
Белорусија Од 2009 г., во Брест, на една од пешачките зони на улицата „Советска“, секојдневно стари фенери пали и гаси вработен фенерџија во униформа од времето на Петар Велики. За таа цел, тој се качува по скала и рачно ја пали и гаси керозинската ламба во секој фенер. На улицата „Советска“ се поставени вкупно 19 вакви фенери.
Обврски на фенерџиите Палење и гасење на фенерите Полнење на резервоарите со запалива течност Поправка на фенерите (сервисирање на резервоарите, исправување на рефлекторите, замена на пламениците, поправка на рамките и замена на стаклата)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Професии Категорија:Занаети