Светилникот Порт Саид ( ) е еден од најважните архитектонски и туристички обележја во градот Порт Саид во Египет. Светилникот, кој се смета за уникатен пример за еволуцијата на архитектурата во текот на деветнаесеттиот век во градот, е дизајниран од Франсоа Коиње на барање на кедивот од Египет и Судан, Исмаил Величествениот.

Изградбата била завршена во 1869 година, една недела пред пуштањето во употреба на Суецкиот Канал. Светилникот бил изграден за водење на бродовите што минуваат низ каналот. Светилникот има осмоаголна кула висока 56 метри.

Историја лево|мини|260x260пкс|Светилникот во Порт Саид во 1930-ти години Од 1868 година до крајот на неговото владеење, Кедив Исмаил наредил изградба на светилници на различни точки низ медитеранскиот брег на Египет. Меѓу нив, светилникот во Порт Саид имал посебно значење поради неговата поврзаност со Суецкиот Канал, националниот инфраструктурен проект преземен за време на владеењето на Исмаил. Исмаил го ангажирал францускиот индустријалец и инженер Франсоа Коиње да го дизајнира светилникот, и да ја надгледува неговата изградба. Недостатокот на каменоломи во близина и трошоците за увоз на камен од други места, ги навеле одговорните да се заинтересираат за бетонот како материјал. Коиње решил да ја користи новата техника на армиран бетон во изградбата.

Светилникот е изграден со нанесување на течен бетон во слоеви 20 до 25 сантиметри во дебелина. За да се обезбеди структурна кохезија на целината, биле вметнати железни ѕидни врски. Примената на бетон била двојно иновативна: се користел како завршен материјал, а не само како супстанца за полнење на ѕидани ѕидови. Потоа се зајакнувал со вметнати метални прачки. Коиње ја користел оваа нова техника со која експериментирашел неколку години претходно во изградбата на својот дом, што резултирало со првата голема армирано-бетонска структура. Употребата на електрична лачна светилка овозможи да се прикаже конзистентно трепкачко светло, и генерално била најсовремен светилник во тоа време.

Од оригиналната инфраструктура на Порт Саид не е останато ништо освен светилникот. Наталожената тиња по должината на брегот на пристаништето го оставила светилникот во внатрешноста, каде што повеќе не може да служи на својата првобитна намена за насочување на бродови. Во 2010 година, било побарано да се претвори во музеј на поморски транспорт. Во јануари 2011 година, светилникот во Порт Саид бил официјално регистриран како национален споменик во Египет.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Светилници во Египет