Лагуна Лехија е солено езеро кое се наоѓа во Алтиплано во регионот Антофагаста во северно Чиле. Во околината на областа доминираат вулканите Чиликес, Ласкар, Агуас Калиентес и Акамарачи. Езерото е плитко и нема излез, покривајќи површина од околу 1.9 км во денешно време.

Во текот на леденото време, езерото било значително поголемо поради кратко испарување и зголемените стапки на врнежи, при што околу водната површина се развиле биохерми. Денес, во езерото живеат фламинга и голем број микроорганизми.

Географија и геологија Лагуна Лехија езерото се наоѓа во Висорамнината Атакама во Чиле, близу до границата со државата Аргентина. Градот Сан Педро де Атакама се наоѓа 103 км северозападно од Лагуна Лехија езерото. Езерскиот слив е опкружен со разни вулкани, како што се Агуас Калиентес, Ласкар, Тумиса, Лехија, Чиликуес и Кордон де Пунтас Неграс, и помали центри познати како Серо Оверо и Ла Албондига. Езерото е ендореично и има 193км2 голем слив, и лавински тек го формира неговиот јужен брег. Подалеку на југ се наоѓаат уште две различни езера, Лагуна Мисканти и Лагуна Миникес.

Хидрологија Лагуна Лехија езерото е кружно, плитко езеро на надморска височина од 4,325м со површина од 1,9км2 или 2км2. Тоа е полимиктичко езеро кое повремено се замрзнува. Ветровите понекогаш создаваат пена на површината на езерото и ја дуваат на бреговите. Измерени се температури на водата кои се движат помеѓу 3-10,6 °C, а езерото е длабоко околу 1,2 м.

Водите на езерото се солени и соленоста често се разликува во еден дел од езерото со остатокот. Сулфатот и натриумот се главните соли кои што се наоѓаат во езерската вода, со хлорид и магнезиум како секундарни или втори соли, а калциум, калиум, силициум и стронциум како подредени. Исто така, се јавуваат елементи добиени од вулкани како арсен, бор, флуор и литиум.

Езерото се напојува од север преку два потоци, едниот поток извира од Агуас Калиентес, а другиот поток од две притоки на Ласкар и Серо дел Абра. Од Чиликес и Лехија на југ, другите потоци течат на север и тие влегуваат во јужниот дел на езерото. Се чини дека можно е да постои излез на подземните води, со оглед на тоа што во езерото нема акумулиран халит, а Серо Оверо кој се формирал преку интеракција на подземните води и магмата заедно. Наводи

Категорија:Езера во Чиле Категорија:Врски за Wayback од предлошката „Семарх“ Категорија:Координати на Википодатоците