Небесни стебла (, тјенган) — систем од десет редни броеви со потекло од Кина и во употреба ширум Источна Азија, посведочени уште од за време на династијата Шанг како имиња за десетте дена во неделата. Во тоа време се користеле и во обреди како имиња за починатите од семејството, на кои има се принесувале жртви на соодветниот ден од неделата. Стеблата денес не се користат како имиња за денови од неделата, туку имаат други намени. Највеќе се користат заедно со дванаесетте земски гранки во шеесетгодишен циклус, од голема важност во историските кинески календари.
Потекло
Некои стручњаци сметаат дека небесните стебла и нивната десетдневна недела се поврзани со приказна од кинеската митологија кога на небото се појавиле десет сонца, чиј редослед сочинувал десетдневен циклус (旬, син); се смета дека секое стебло е име за секое од овие сонца. Се среќаваат во имињата на кралевите од династијата Шанг и нивните храмовни имиња. Се состоеле од роднински збор („татко“, „мајка“, „дедо“, „баба“) пред името на едно од стеблата (на пр. „Дедо Ѓа“). Овие имиња се среќаваат на бронзени садови каде се чествуваат нивните имиња и покажуваат на кој ден треба да им се принесе жртва. Синологот Дејвид Кајтли, специјалист за стари бронзени предмети, смета дека стеблата се избирале посмртно со гатање. Некои историчари сметаат дека владеачката класа на Шанг имала десет кланови, но нејасно е дали општеството било одраз на митот или обратно. Нивната поврзаност со концептите јин и јанг и петте елементи се развила по распадот на Шанг.
Џонатан Смит вели дека небесните стебла постоеле и пред династијата Шанг и изворно се однесувале на десетте астеризми долж еклиптиката, претставени на древното коскено писмо како цртежи; забележува сличности помеѓу овие астеризми и подоцнежните системи на четири слики и дваесет и осум куќи. Тие се користеле за следење на движењето на Месечината долж нејзиниот месечен пат, заедно со земските гранки кои се однесуваат на мената.
Буквалните значења на знаците биле (и денес се) овие.William McNaughton. Reading and Writing Chinese. Tokyo: Charles E. Tuttle, 1979. Меѓу современите значења, оние добиени од положбата на знакот во низата на небесни стебла се напишани закосено.
Небесно стеблоПинјинМак тран. Значење Изворно Дополнителни 1 jiǎѓа „желкина черупка“ „прв“ „метил група“ „шлем“ „оклоп“ зборови поврзани со тврдокрилци, ракови и нокти 2 yǐји „рибина утроба“ „втор“ „етил група“ „свиткување, усукување“ 3 bǐngбинг „рибина опашка“ „трет“ „светол“ „оган“ 4 dīngдинг „шајка“ „четврти“ „маж“ „крупен“ „во облик на Т“ „удирање“ презиме 5 wùву „хелебарда“ 6 jǐѓи „нишка на разбој“ „сепство“ 7 gēngгенг вечерница (Венера) „возраст“ 8 xīnсин „навредување на надредени“ „горчлив“ „пикантен“ „напорен“ 9 rénжен товар „нарамува“ „доверува служба“ 10 guǐгуеј плуг со четири рачки
Денешна употреба Небесните стебла и денес се во широка употреба како редни броеви ширум синосферата, слично како азбучниот редослед во македонскиот.
Кинескиот математичар Ли Шанлан (1810–1882) разработил систем каде небесните стебла и земските гранки ги заменуваат латиничните букви како ознаки за математичките променливи. Во неговиот систем, буквите – се претставени со десетте небесни стебла, – со дванаесетте земски гранки, а последните четири букви , , и со („материја“), („небо“), („земја“) и („човек“). (стр. 147 и 148) Клучот може да се придодаде кон секој од знаците за да се означи големиот облик на буквата: на пр. → , → ; → , → . Имиња на органските хемикалии — на пр. метанол (), етанол (). Болести — на пр. хепатит А (), хепатит Б: (). Спорски лиги — на пр. италијанската Серија А се пишува како . Улилишните оценки во Тајван со 優 (јоу = одличен) се вметнуваат пред небсните стебла од списокот — т.е. македонските оценки 5, 4, 3, 2 и 1 се претставуваат со , , , и . Во астрологијата и фенг шуи небесните стебла и земските гранки од четирите столбови на кинеската метафизика во гатачките системи Ѓимен дуенѓа и Даљурен. Во Кореја и Јапонија небесните стебла се користат во правни документи: корејските варијанти () и () се употребуваат за укажување на поголемата и помалата страна во правен договор и понекогаш се синоними за истите. Оваа употреба е честа и во корејската информатичка индустрија.
Поврзано Кинески бројки Земски гранки Шеесетгодишен циклус Кинески календар Кинески зодијак
Наводи
Библиографија
Надворешни врски
Категорија:Кинеска астрологија Категорија:Кинески календари