Ван Дајк (кафеав отпечаток) е аналогна фотографска постапка на изработка на фотографии именуван по Ентони ван Дајк .
Вклучува премачкување на харија или друг материјал со Амониум ферицитрат, винска киселина и сребро нитрат, а потоа експонирање на (ултравиолетова) светлина. Создадената слика има <i>Ван Дајк</i> кафеава боја кога е завршена. Секако, може да се тонира и да се добијат различни нијанси на кафеава, сива или црна боја. За разлика од некои други методи на печатење, не бара класична темна комора.
Процесот на Ван Дајк со кафеава боја бил патентиран во Германија во 1895 година од Арндт и Трост. Првично се нарекувал со многу различни имиња, како што се сепија печатење или кафеаво печатење. Дури и се нарекувал калитип, но тој процес користи железен оксалат наместо Амониум железо (III) цитрат .
На почетокот постоеле одредени сомнежи околу архивската трајност на Ван Дајк фотографиите, бидејќи многу од раните примероци од овој процес со текот на времето се покажале како нестабилни. Сепак, кога процесот се изведува и се обработува соодветно - особено доколку се внимава на процесот на фиксирање, кафеавите Ван Дајк отисоци можат да бидат подеднакво трајни како и секој друг фотографски процес базиран на сребро.
Галерија Во Македонија
Кај нас прв и единствен автор кој се бавел со оваа благородна фотографска техника е Сашо Алушевски-пионер во областа на алтернативната фотографија. А ваков тип на фотографија се изучувал на фестивалот Зрно. мини|Момче во Смилевска носија - оригинална фотографија од колекцијата на Браќата Манаки, негативот е обезбеден од Државниот архив на Македонија-одделение Битола. Ван Дајк отпечаток изработен од Сашо Алушевски
Наводи
Категорија:Фотографија Категорија:Уметност Категорија:Македонија Категорија:Алтернативна фотографија Категорија:Историски фотографски тех