Свети Пантелејмон — помала манастирска црква на Полчишкиот манастир во мариовското село Полчиште, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа на врвот Панделе, до кој води земјен пат, кој се двои од локалниот земјен пат за селото Полчиште.

Историја

Првата манастирска црква се наоѓала на ова место и била од дрвена граѓа. Со изградбата на новата црква од тврда градба во 1938 година, старата била оставена на забот на времето и се урнала. Останало само обележје каде се наоѓала.

По претскажување на Карафила Гогова од Полчиште, на нејзина иницијатива и сесрдно залагање во 1985 година, почната е и изградена нова, мала црква на старата локација, односно на избраното место.Според кажувања на Бојо Бојов, жител на Полчиште

И оваа црква ќе биде заменета со нова градба во 2020 година.

Архитектура

Новата црквичка е правоаголна, со скромни димензии, должина од 4 метри, ширина од 3 метри и височина од 2,5 метри. Црквичката е посветена исто така на Свети Пантелејмон.

Фрескоживопис

Внатрешноста на црквата не е зографисана.

Икони и иконостас

Црквата поседува скромен иконостас, направен од дрво.

Галерија

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Полчиште

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Храмови посветени на Свети Пантелејмон во Македонија Категорија:Полчишки манастир