Пештера — археолошко наоѓалиште во прилепското село Пештани. Претставува населба од римското време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на околу 1 километар југозападно од селото, на падините на една мала височинка, кои се спуштаат кон селото.

Опис

На наоѓалиштето се наоѓаат остатоци од темели на ѕидови, кршен камен, фрагменти од покривни ќерамиди и керамички садови, а има и еден столб изработен од локален камен. На највисокиот дел теренот, опкружен со гранитни карпи, во 1950 година е подигнато малиот манастир „Св. Илија“. Од ова наоѓалиште потекнува една вотивна плоча со претстава на Херакле што се чува во Заводот и музеј во Прилеп.

Поврзано Валјето — осамен наод од римското време; Грамаѓе — населба од римското време; Грмот — населба и некропола од римското време; Припниш — осамен наод од римското време; Црква Св. Ѓорѓија — осамени наоди од римското време; Црквиште — светилиште од римското време; Буклото — населба од античкото време; Вршник — праисториска населба; Св. Илија — населба од раната антика и римското време (старомакедонскиот град Достонеи);Виктор Лилчиќ, DOSTОNEON TO KOINON, убикација, (MN/MH) Br. 25, Skopje 2005, 2-19 Пештани; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Пештани (Прилепско)