Бабо — археолошко наоѓалиште во прилепското село Крушевица. Претставува населба и некропола од римското време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на околу 1 километар јужно од селото, на една блага височинка од зарамнето плато.

Опис

На наоѓалиштето се гледаат големи грамади од кршен камен, градежна керамика и фрагменти од керамички садови, претежно со убава црвена боја. Во непосредната близина на теренот се наоѓаат корита вдлабени во карпа, кои веројатно биле гробови.

Поврзано Градиште — збег од доцноантичко време; Грамаѓе — населба од римско време; До Селото — некропола од римско време; Каве — населба и некропола од хеленистичко и римско време; Манастир Св. Недела — сакрален објект од старохристијанско време; Падарница — тумул од железно време; Страгата — тумул од железно време; Црква Св. Архангел — осамен наод од римско време; Црквиште — сакрален објект од старохристијанско време; Испраен Камен — тумул од железното време и римска стела; Ковчезите — населба од бронзеното време; Падиште — тумул од железното време; Скапците — тумул од железното време; Таламбасица — тумул од бронзеното и античкото време; Три Дабици — тумул од бронзеното време; Широк Пат — тумул од железното време; Крушевица; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Крушевица (Прилепско)