„12 Подароци за Божиќ“ ― американска божиќна романтична комедија од 2015 година, напишана и режирана од Питер Саливан, Лин Грант Бек и Џенифер Нотас Шапиро. Во филмот глумат Катрина Ло, Арон О'Конел и Дона Милс. Премиерно била прикажана на каналот Халмарк, на 26 ноември 2015 година, а подоцна се реемитувала секоја сезона за време на „Одбројувањето до Божиќ".

Основна замисла Асистент од Њујорк е ангажиран од маркетинг директор, да купува подароци за неговите пријатели и семејство.

Екипа

Катрина Ло како Ана Париси Арон О'Конел како Марк Ренквист Дона Милс како Џојс Ренквист Мелани Нелсон како Мари Паризи Али Дарам како Ивон Џил Адлер како Сенди Мајкл Бурчард како Едвард Максвел Алекс Нибли како Ендру Ренквист Лаја Вајт како Бела Алиса Бакнер како Софија

Продукција Филмот бил сниман во Солт Лејк Сити, Јута. Катрина Ло и Арон О'Конел биле избрани за главни улоги, додека Дона Милс, за улогата на мајката на О'Конел.

Гледаност Ја гледале 3,14 милиони гледачи по објавувањето на 26 ноември 2015 година, повеќе од која било друга серија со сценарио тој ден.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски романтични комедии