Свети Јован Богослов — главна манастирска црква на Бонечкиот манастир во прилепското село Бонче, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во југозападниот дел на селото, сместена на пониско ниво од селото, недалеку од селските куќи. Околу оваа црква се наоѓаат новите селски гробишта.

Историја

Истражувачот Јован Трифуноски запишал дека на местото околу гробиштата на Бонче се наоѓале ѕидини од стара црква.

На западната фасада на црквата, близу влезот, се наоѓаат три надгробни споменици во исправена положба. Највпечатлив е еден четириаголен столб со релјеф на две специјално подготвени површини на кој се претставени седум човечки фигури – четири на долната и три на горната правоаголна површина. Надгробниот споменик завршува со пирамида украсена со крлушки. Врвот на пирамидата е откршен. Во долниот дел од споменикот, веднаш под понискиот релјеф, на закосена мазна површина, се среќава и тешко читлив натпис во три реда на кој, веројатно, се споменува името на покојникот и на лицата кои му го покло­нуваат. Покрај него можат да се видат уште две фрагментирани плочи од мермер со релјеф на кој се претставени флорални форми. На едната од нив е претставен венец со винова лоза на која се забележуваат лисја и еден грозд. Другата плоча е со многу оштетен релјеф, но се забележува, исто така, венец, цвет со четири ливчиња и слично.

Галерија

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Бонче

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Храмови посветени на Свети Јован Богослов во Македонија Категорија:Бонечки манастир