Грачен или Грачани (грчки: Αγιοχώρι, Агиохори; до 1928 г. Γράτσιανη, Грацјани) — село во Зихненско, Егејска Македонија, денес во општината Зелјахово на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 150 жители (2021). Сè до 1923 г. било населено исклучиво со Македонци, кои и денес се мнозинство.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Зихна, под возвишението Голак, во југоисточното подножје на Сминица, на надморска височина од 220 м. Сместено е североисточно од општинскиот центар Зелјахово, југозападно од Драма и околу 2 км северно од Алистратик.
Грачен е потполно споен со соседното село Голак, со кое претставува една целина.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Грачен било македонско село во Зихненската Каза на Серскиот Санџак. Тука се наоѓале ановите на соседното Скрижово. Според грчка статистика од 1866 г. во Грачени или Грачани (Γράτζενη, Γρατζιάνη) живееле 150 Македонци христијани.Σχινά, Ν. „Οδοιπορικαί σημειώσεις, Μακεδονία“, τόμος Β', Εν Αθήναις 1866, цитирано од официалната веб-страница на Општина Зелјахово
Според Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) во 1889 г. во Грачен имало 72 македонски домаќинства.
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Грачен (Gratchen) имало 62 домаќинства и 200 жители Македонци.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Грачен имало 420 жители, сите Македонци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Грачан (Gratchan) имало 480 Македонци под врховенство на патријаршијата.
На почетокот на XX век жителите се откажале од Цариградската патријаршија и прешле под врховенството на Бугарската егзархија. По наредба на грчкиот комитет во Драма, на 12 април 1911 г. гркомани од соседното село Трстеница го ликвидирале видниот мештанин Илија Харизанов и чичко му Иван Харизанов за да му се одмаздат на населението.Дебърски глас, година 2, брой 39, 23 април 1911, стр. 4.Дебърски глас, година 2, брой 42, 1 май 1911, стр. 4.
Во Првата балканска војна, 3 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 282 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 407 лица.
Во 1923 г. во селото биле доселени 17 бегалци, така што селото станало мешана населба, иако изгледа и пред тоа биле сместени бегалски семејства, што се гледа од згомемениот број на жителите меѓу 1913 и 1920 г. Истата година, на 500–600 метри западно од Грачен, било основано грчката колонија Голак, населена со Лази од Понд, на местото на постаро македонско село.
Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 981 жител. Според податоци од 1944 г. селото броело околу 100 куќи, од кои само две на грчки колонисти, но по крајот на бугарската окупација во 1945 г. селото е напуштено, а жителите се иселиле во Бугарија и околните села. +Места во заедницата Грачен преименувани со службен указ на 6 јули 1968 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписБалΜπάλГликоремаΓλυκόρεμαрека С од Грачен, десна притока на ПанегаКуру ЧајΚουρού ΤσάιКсеропотамосΞεροπόταμοςрека С од Грачен, десна притока на Панега
Стопанство Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а поради ограничените пасишта сточарството е слабо развиено.
Население
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква
Личности Родени во Грачен
Георги Димитров Марчинов (1890 – ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, III чета на XIII Кукушка дружина Димитар Стојанов (1887 – ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, XIV Воденска дружина Костадин Д. Москов (1888 – ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, IV чета на XIII Кукушка дружина
Наводи
Категорија:Зелјахово