мини|Тајландско момче кое носи маица „Мо хом“ Мо хом или мор хоm е традиционална тајландска кошула направена од ткаенина. Кошулата е со кратки ракави и со заоблен врат, без јака или ревер, обично темно сина или црна. Зборот „мо хом“ потекнува од северниот тајландски јазик: „мо “ значи „саксија“, а „ хом“ се однесува на растението индиго, чие стебло и листови се ставаат во вода за да се произведе темно сина боја.

Историја Се сметало дека боењето со црно-темна боја во покраината Прае потекнува од луѓе кои емигрирале од Чианг Саен, Сишуангбана и Лаос од кралството Тонбури. Тие го донеле занаетот на боење со три вида растенија: крам, хом и хомкриеа, и го користеле за да создадат хом ткаенина.

Мо хом е збор од народот Лан На. Не значи „кошула“, туку „темно сина“, што е бојата на кошулата. Иако мо хом е локален збор од народот Лан На, кошулата не е оригиналната машка кошула во Лана. Оригиналната е бела памучна кошула наречена кошула „Хадук“.

Кошулите „Мо хом“ станале популарни низ целата земја во 1953 година, кога г-дин Криенгсри Ниманхемин организирал банкет за г-дин Сања Тамасак и американскиот конзул во Чианг Маи. Облека за настанот бил кошулата „Мо хом“.

Етимологија Мо хом значи „црно-морнарско сина“, што е комбинација од два збора, мо значи „црна или морнарско сина боја“, а хом се однесува на растението кое испушта морнарско сина боја. Луѓето во Лан На го изговараат мо, но некои луѓе погрешно го разбираат и го изговараат со различен тон и побавно од мо, па затоа значењето се менува во „саксија“, а значењето на фразата во „боја во саксија“ наместо „црна морнарско сина боја“.

Производство Постојат два чекори:

Подготовка на хом 1. Се собираат листовите и стеблата од растението хом и се потопуваат во дождовница за време од 72 часа при што се добива зелена боја. Потоа се додаваат нови количина листови и стебла. Се остаавет да отстои, при што се добива темно сина боја. Смесатасе филтртира а потоа се додава калциум хидроксид (гасена вар)и на крај се филтрира низ газа.

2. Во пластична кофа се прави мала дупка на дното. Се додава пепел и дождовница, се филтрира се и меша со боја од ферментиран хом. Се додава калциум хидроксид и повторно се меша.

Боење 1. Памучен материјал се натопува во кофа со чиста вода а потоа се суши на воздух.

2. Сувиот текстил се става во кофата за боја, и рачно се меша текстилот и бојата. После тоа, се суши на воздух додека не стане полусув. Материјалот се бои пет или шест пати додека не се добие посакуваната нијанса.

Ткаенини Бела памучна ткаенина се користела за боење. Првично, луѓето собирале многу стар памучен цвет затоа што тој никнувал и покажувал мек памук, а потоа го собирале за да се исушат на сончевата светлина. Памукот потоа се чисти, состојката се преде и се ткае на ки (локален разбој).

Порано, домашните ткаенини се произведувале за семејна употреба. Денес цената им е висока, па затоа поголемиот дел од ткаенините се произведуваат во фабрика.

Најголемиот извор на традиционално производство во Тајланд е во Баан Тунг Хонг, округот Муанг Прае. Местата каде што можете да купите мо хом се областите околу Прае и традиционалните пазари низ Тајланд.

Наводи

Надворешни врски

Канцеларија на Кралското друштво Продавач на мало во покраината Прае Како да го обоите мо хом

Категорија:Ракотворби Категорија:Облека Категорија:Тајландска култура