мини|десно|Предел во Месета во мај. мини|Топографска карта на Пиринејскиот Полуостров каде е означена Месета. Месета (, Централна Висораминна) или Кастиљска Висорамнина — една од најшироките географски единици на Пиринејскиот Полуостров. Се состои од висорамнина која зафаќа голем дел од неговата внатрешност.
Поимување Поимот се развил во XIX век, и Хајнрих Мориц Вилком го опишувал подрачјето описно, со мали букви. Подоцна, Салвадор Калдерон и Арана бил првиот што употребил големи букви, воведувајќи го поимот како топоним. Ваквото поимување на висорамнината го изнел и Хосе Макферсон, а писателите од шпанското Поколение ’98 во голема мера придонеле кон неговата популаризација во јавноста.
Опис Планинскиот венец Централен Систем ја пресекува Месета, и ја двои на Северна Висорамнина (Meseta Norte, 700-800 м.н.в.) на север и Јужна Висорамнина (Meseta Sur, 600-700 м.н.в.) на југ. Првоспоменатата ја одводнува реката Дуеро, а втората реките Тагус и Гвадијана. Висорамнината ја обиколуваат релјефни единици како Леонските Планини, Галисискиот Масив, Кантабриските Планини, Баскиските Планини, Ибериските Планини и Сиера Морена.
Наводи
Библиографија
Категорија:Пиринејски Полуостров Категорија:Висорамнини во Европа Категорија:Географија на Шпанија Категорија:Географија на Португалија