Мица Трајчева Јанеска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Активно учествувала во акциите што ги организирала Партијата од 1941 година како член на женска воспитна група во Крушево. Во нејзината куќа престојувале илегалци од есента 1941 година. До есента 1942 година партиската техника била сместена во нејзиниот дом. Тука се одржувале и состаноци на МК КПЈ како и на МК СКОЈ. Се грижела за илегалците што биле сместени кај неа дома. Во август 1942 година била уапсена, но по два и пол месеци ослободена. По враќањето се поврзала со групата и работела на истите задачи. Носела храна до базата на Партизанскиот одред „Питу Гули“.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ